ги (зам.) - драпа (гл.)

Аванти пополо, сите кон балконот под кој Јулија е оставена на милост и немилост на туристите, некои нежно да и ги галат, а некои баш и да и ги драпаат бронзените гради.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Утринава во хотелската бања водата е малку пожешка од вчера а научно е докажано колку водата е пожешка толку повеќе паѓа силата и неправдада, иако водената пареа на мнозина им го замаглува утринскиот поглед кон црвениот бајрак развеан на највисокиот балкон.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„Повторно ни ги драпаат маргиналните зони на мрежава...”, му вели едниот централен бог-пајак- матица на својот дихотомиски брат со кого шпарта еве веќе барем десетици илјади години, низ културниот космос што пајажина е.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)