Во таа смисла убаво вели Кристијансен (Christijansen): “крајната цел на уметничката замисла не е да ги забавува нашите сетила.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Марија потрча, но колку наближуваше до него, толку ги забавуваше чекорите...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И можеби заради убавите лилии Ропотамо ги забавува своите води бргу да не се вливаат во Црно Море.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Никој не покажа некоја вистинска загриженост, а повеќето само го запаметија тоа како прикаска со која домашните или соговорниците ќе ги забавуваат тие дена.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И ѝ раскажа на Луција за случката со мотоциклот, онаа со возењето на едно тркало, но ѝ раскажа и за онаа ноќ кога јас ги забавував девојките качувајќи се на скала што не е потпрена на ништо; таа не веруваше, се смееше, се држеше за челото и велеше: „О, не, па тоа не е возможно! Не, не тоа никако не може да биде!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Густата жега ги забавува движењата. Ја водам маската, тетеравејќи се со нагазените и испотени патики.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Брат ми Ристо и сестра ми Лена заедно со снаата имаа маса негде во задниот дел на салата, а ние учениците ги забавувавме гостите со рецитации и хорски песни.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Меѓутоа некако се чувствував како да сум тука за да ги забавувам и да го пополнувам времето.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)