ги (зам.) - загуби (гл.)

Малечките балкански државички без церемонија ќе ги земат во свои раце сите доходи од завојуваните делови на Македонија, а Македонците ќе се обрнат во просјаци, откако ќе си ги загубат првин своите национални особини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Преживувањето е неиздржливо кога помислувам на личните трагедии, на оние илјадници кои ги загубија животите, на оние кои исчезнаа, на оние кои се раселени, на оние кои избегаа, кога помислувам на жртвите по логорите, на децата, на оние кои го преживеале пеколот, на оние во Босна кои пеколот сѐ уште го живеат, на оние кои допрва ќе го живеат, на крвниците кои до неодамна беа само добри соседи, на жртвите од кои некои и самите ќе бидат крвници.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа се потресни примери на една чисто национална литература која не ги загубила општите значења.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога, на пример, за некој човек како за амалинот Сане, ќе се каже дека почнал да оди по воздухот, тоа значи дека тој, истовремено, ги загубил старите и добил нови својства.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како резултат на неспособноста и пасивноста на членовите на ЦК, овој веќе ги загубил нишките на раководството и фактички ВМРО, од организација со полна централизација, се претвори во таква со полна децентрализација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
15. Трчам низ Букурешт со детето, ќе ги загубам нозете од трчање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури тогаш се осети, заздишен. И тоа можеше да биде причина за да ги загуби, онакви воздушести и мирни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нешто ситно, мислеше, нешто сосема ситно, со што ни јас не би си ги загубил сите убави работи на оваа ноќ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На местото од сето она, што царуваше по Белата Долина, тој имаше само една пушка, со уште два фишека, кои не се решаваше да ги загуби вака попусто, а тоа беше една многу несправедлива и лоша замена, невозможна замена, за сѐ друго, што чуваше секоја единка од тој живот околу него, за секое дебнење и секое предухитрување, за секое сурово наскокнување и секакво столкнување очи в очи, што го носеше во своето тело, во сплетот од своите мускули, секој жител на таа бела, диво ризискрена ноќ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Многупати порано му велеше: - Нервите ги загубив со тебе. Што имаш во чупката!...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога поигрувањето се претвораше во измачување, Клара го прашуваше доктор Гете: „Зошто го правите ова?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш тие игри беа измачувања, кога доктор Гете ги негираше исказите на оние пациенти кои опсесивно зборуваа за блиските кои ги загубиле, или кога на Ханс, кој секогаш кога ќе го слушнеше зборот „зошто“, удираше со главата од ѕидот, упорно му го поставуваше прашањето: „Зошто удираш со главата од ѕидот?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зашто, оние кои се обидуваат, ќе искусат и сами дека врската што ја сочинуваат неизрежани клучеви и една женска обетка, не мора да значи којзнае што.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На девојките обично им недостасува малку заборавеност, па за препорака е онаа која може да ги загуби клучевите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сѐ траеше така додека не започнаа првите умирања во семејството и кога Мајка ги загуби своите двајца најстари синови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ние и не очекуваме тие да си ги загубат акцентите, нивните мајчини јазици, тоа е невозможно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ги загубив рацете. Се чувствувам како да сум сакат. Мамо, ох, мамо, држи ме. Се плашам!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Слично, кога ги анализираме интеракциите меѓу владите, големите комерцијални монополи, медицинските и воените власти, забележуваме дека тие обично се поврзуваат на различни начини, надополнувајќи се меѓусебно, без да ги загубат своите индивидуални особини.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сега не знам кај ја загубив жената, кај ги загубив другарите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)