Чувството на посебност коешто се воздигнува во народњачките „појачки“ академски кругови и цивка на онаа една жица на фолклорните поети ги задуши сите причини на разумот, а наскоро ќе нѐ остави и на крајот на сите оние причини поради коишто нашиот Тесла на светот му ја подари расветната сфера.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Притоа таа, со јаки полициски сили, ги задушува сите поинакви емотивности, обединета и подржавена.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Така таа ги задушува и сите наши организациони таленти, наметнувајќи ја нужноста на својата простачка организација.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Љубовта или е проклета или е благословена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Се обидов да го исфрлам секој дел од тебе, а го исфрлив и моето срце, се обидов да ги задушам твоите зборови, вистини или лаги, а ја задушив мојата душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Не заборавај, мој Камилски, дека трупите на Варшавскиот пакт биле повикани да ги задушат крваво востанијата во Полска, Унгарија...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Преторијанците, кои ја прославија Империјата, претставуваа елитни трупи, кои требаше да ја одржуваат дисциплината во армијата и да ги задушуваат побуните и револтот, станаа толку моќна солдатеска, што дури неколку императори ќе бидат убиени од нив.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Останав сама за да не ги задуши бурјан и коприва сокаците, за да ги бркам вампирите од таваните, за да бидам сама среде село, што не се ни чуло ни видело.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Според него, претензиите на Македонците спрема Солун би го предизвикале бесот на Грците, а тоа би можело да резултира во "жестока крвава војна, од која не би произлегло ништо добро".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Напорите на Македонците за обединување, според него, "би биле задушени со сила од Грците, кои сигурно би се кренале од цела Грција за да ги задушат" таквите тежнеења на Македонците, бидејќи и тој бил свесен дека Грција била "доволно сиромашна... за да ѝ се земе една од нејзините најпродуктивни територии" што, од своја страна, би ја направила уште посиромашна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Ако сакал некој да знае, тој можел да му ја напика в џвало вистината: чудовиштето лежело во самиот параспур на македонското село, во неговата слабост да се измачува со секакви стравотии, со морници да ги задушува морниците на грубиот живот; да, животот е чудовиште што ја подгонува кон бездна двоколката на судбината во која се запрегнати луѓето, сите во јарем и со железен жегол в грла, слепи за крајот на патот, запенети и со сокрвца на напукнатата кожа, со набрекнати јагарци од обете страни на гркланите, под мишки и лево и десно под папоците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се плашеле, се тресел и Лозан Перуника со нив. Потоа заборавил што е тоа страв.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го сакаше зашто ним им ја оставаше радоста, додека грижите и осаменоста ги носеше со себе во кројачкиот дуќан, ја разбираше секогаш, а ја прекоруваше само со поглед, го сакаше зашто сакаше за сѐ да разговара со неа, го сакаше зашто го гледаше колку му недостасува мајка ѝ, а при тоа го гледаше како ги задушува емоциите кои излегуваа само во вид на повремени, несвесни воздишки.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И други стравотии се раскажуваат, ама подобро да не ти кажувам…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А потоа им пуштаат отровен гас, ги задушуваат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа е особина на губитниците, коишто ги задушува недостигот на ентузијазам, ги доведува до резигнација.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)