Не си ли ти истиот оној кој се заколна, а ги заколна и другите, да умираат еден за друг додека не изгрее сонцето на слободата над оваа ропска земја?!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Кутриот Васја, кога слушнал за пороганијата, беше ги пресретнал одочесниците во Беговски Ливаѓе, долу под станицата, паднал на колена пред нив и почнал да ги моли, да ги заколнува, за да му ја вратат фотографијата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)