Бригадниот генерал, стегајќи ја слушалката, си ги замислува разлутените и од бес искривени лица на командантите од таа страна на жицата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Цеца у манастир ти е исто ко поп у јавна куќа, им реков и ги замислив тие бујни силикони во друштво на мноштвото икони.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
На 11 февруари се избира селанец, крал и кралица, и тие се главните личности на карневалската поворка која се организира на секој 13 февруари, а во неа учествуваат неколку десетини илјади граѓани сите во разновидни носии, кои може да ги замисли само голема фантазија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но, ти ги трупаш предметите, јас, напротив, ги отфрлам, за да можам да ги замислам“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сега, бидејќи сè беше средено во неговата мисла, или бидејќи таа може посилно да го изрази проектираниот чин, тој дозволи во својата имагинација да си ги замислува измачувачките слики за неверствата на неговата сопруга.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Сакајќи посликовито да го претставам тоа ги замислив тие четири точки на сегашниот свет кои стојат на една иста рамнина, а петтата ја ставив на врвот, чија сенка паѓа во центарот на тој четириаголник.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тој уметник [Wilhelm Frideman Bach], барем што се однесува до познавањето на хармонијата и на способностите за изведба, ги надминува сите музичари што сум ги чул во животот и оние кои можам само да ги замислам, макар што луѓето кои го познавале татко му тврдат дека тој бил уште поголем музичар. Така смета и кралот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Па како тогаш да ја подржувам авантурата на синот кој наумил да трага по вистината за татко му кога и јас во таа вистина имав само наѕирнато?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Инаку, во врска со името на таткото, мојот Човек ми се имаше доверено дека другарите му честитале кога му соопштиле дека отсега па натаму ќе го викаат Ведран.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Притоа воопшто не ме обескуражуваше фактот дека не можев да си ги замислам нештата што ги бркаше за да ги достигне; напротив, си го придодавав правото да верувам дека сепак го знам, дека го познавам барем онолку колку што себеси се познавам, а притоа, вистината ви ја велам, дури ни вистинското име не му го узнав на мојов Човек, бидејќи тој ми рече а јас му верував дека така било подобро и за мене и за него.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Стиснат така одзади, како токмак во обрачи, Грдан зјапаше во прозорецот што гледаше во кубето небо од осветлениот град и се обидуваше да си ги замисли низ ношницата нејзините гради, нејзините бутови и нејзините колена.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Не се обидував да ги замислам последните мигови од неговиот живот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Не се обидував да ги замислам последните мигови од неговиот живот, доволно ми беше што дознав дека е мртов, дека е смирен, без телесна болка, без душевна јанѕа, затоа што сигурно на оној свет душата се ослободува од сите тегобности и самообвинувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Не се обидував да видам во моите мисли како лежи едвај подвижен, не сакав да слушнам како последните капки сила го принудуваат да вдишува и издишува, не сакав да знам ни што му врвело низ мислите во тие мигови – дали го мачела помислата на сестрите кои постојано се јавувале во неговиот дом и молеле да се најде начин да ја напуштат Виена, дали имал грижа на совеста од претпоставувањето дека во логорите на смртта ќе ги приберат и нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Само додека е овде душата не може во потполност да се увери себеси дека сѐ е онака како што треба да биде, и дека го сторила она што морала да го стори, за да исполни некој повисок, нам неодгатлив план.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Навистина, јас си помислив, дека на ист начин можела да се исмее сталинистичката идеологија како што вие сте ги замислиле нивните егзекутори кои со толку голема ступидност се нафрлаат на козјиот свет.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
За конкретни и познати физиономии од минатото сигурно не размислуваше (иако ѝ беа познати многу од лицата на расфрланите наоколу фотографии) додека бурињата понекои полни со вино, и поредени токму овде, каде што се наоѓа сега софата можеше да си ги замисли.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Компјутерските екрани се волшебни огледала, кои на дадена команда (повик) ги претставуваат алтернативните реалности на различни степени на апстрактност.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Младите дигитални алхемичари во своја команда имаат орудија на разјаснување и моќ кои нивните претходници не можеле ни да ги замислат. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 44
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)