ги (зам.) - запамети (гл.)

Човек не може да им ги запамети имињата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„А сега морам да одам“, рече штом тој ги запамети упатствата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На девојките, со кои за сето време се забавуваше, скоро ни имињата не им ги запамети.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ги паметам овие зборови не по тоа што ги чув туку по тоа што Петре Даскалот, дали по свое наоѓање или во договор со поп Донета, нè натераа да ги научиме наизуст и еднаш засекогаш да ги запаметиме и да ги знаеме, како што ни рече тој, и за добро и за лошо. - Како Очетонашето да ги знаете- ни рече.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Беше ги запаметила зборовите Мара Банџорка, што јас подоцна ги запишав.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дел од нив научив и јас, и не сакајќи ги запаметив.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Што и да значат тие запаметени зборови. Како што ги запаметил.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не може сиротата имињата да им ги запамети.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Затоа се трудеше да им ги запамети гласовите за да ги разликува по нив и затоа безволно се бореше: „Зошто мене ме прашувате? јас сум лекар, хирург. Мобилизиран сум.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
За сите исто, па потоа тие работи ни се мешаат во главата и никако да ги запаметиме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Бургиба Јуниор, во доверлива искреност, ми ги изрече зборовите кои засекогаш ги запаметив и ја чинеа суштината на мојата замислувана телеграма: - Мојот татко Хабиб Бургиба е мудар човек.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Такви ги запаметивме. Колку ли пати сме ја претрчувале оваа улица се до горе, до затворената железна, дебела и висока порта на кралската палата, пред која тогаш постојано имаше вооружен стражар?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Ај со среќа, здравје, вечни, целокупни бериќетни“ - благословуваше баба Мирјана - „така научив од свекрва ми, па овие убави благосилки и вам ви ги кажувам да ги запаметите и да ги пренесете на вашите деца и внуци.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)