Го фаќа бес кога низ ѕидот од соседната соба го слуша нивното кикотење и збивтање слично на куче и ги затина ушите да не слуша или удира со бастунот на ѕидот за да ги замолчи.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Често кога лаежот е посилен, особено ноќе, Богдан го затвора прозорецот или ги затина ушите да не слуша.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Некои од селаните ја гледаа, а некои се тргаа настрана да не гледаат или ги затинаа ушите да не го слушаат жалното рикање на бикот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Син му Анко ги затинаше ушите со рака да не слуша.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
ДАРА: (си ги затина ушите). Јууу, немој, побогу, ќе исплашиш људе.
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
Добро, им вели тој, и оди да ја удри камбаната; ја удира полека, тажно; од црквата го изнесуваат ковчегот во кој лежи Бандо умрен; таа писка и ги затина ушите да не го слуша погребното удирање на камбаната.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Едниот главатар имал ќерка убавица. Ја викале Преспа. Таа се грижела катавечер да ги затина кладенците.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Навечер кладенците со цифури ги затинале, водата да не тече попусто.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Кинеме лисја од леските и пак ги затинаме ѕвонците. Како и порано.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Па дури до полето, дури и до шумата Ние само се поиставаме, ги затинаме устите и носовите, ги собираме очите и само кашламе, киваме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)