ги (зам.) - заѕида (гл.)

Постојат вечерни огнови што ни приоѓаат тихо како нечујни летни ѕвезди Дишат околу нас Гледаат со нашите очи Ни ги заѕидуваат сенките во тешки молчеливи кули Огнови што ќе излезат од темнината како свежи извори за усните на утрото.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но кој можеше да претпостави дека Чанга ќе ги заѕида влезните врати од скривалиштата, и така ќе ги затвори сите пристапи кон утробата на тврдината?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од тоа време, што и во втората деценија на веков го паметел тогаш живиот и жилав даб со брада, стогодишниот Лозан Перуника, лежат на рекичката Давидица четириесет и три малечки воденици, накривени и безживотни судбини во кругот на заборавот; самоучките врати им се испукани и потемнети, суровото минато ги заѕидало прозорците со бигорен камен. Но си има свое минато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во таа илјада осумстотини триесет и петта година продолжува во Африка и Азија движењето на европските колонизатори и се грчи на крвав камен Македонија. ***
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој, кутриот, се најде на проклетиот гол остров и покрај тоа што книгите кои се однесуваа на Русија, Советскиот Сојуз, Ленин, Сталин и други добро ги скри: некои ги закопа во сандаци под земја во дворот, а другите, најопасните, убаво ги заѕида во самата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Без никакви формалности, обраќајќи им се на Даниел и на неговиот брат, кои го ѕидаа внатрешниот ѕид, таа директно ги замоли да ѝ ги заѕидаат нејзините добри мисли во тулите на таа куќа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)