Пискотници се слушаат од Галичник до Река, што тешка несреќа ги збра и мажите, и жените, та гласи тажна ека и навева сал коб и зла?
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
- Ќе ги збираат падобраните - му објасни Евто.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Ги накрева градите и со нив ги пречекува солзите, си ги збира.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Песокта стапките им ги збира примракот трагата им ја брише ветерот гласот им го гаси.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
На која светулка во сонот ли ѝ мавта? За кого оние синолички ли ги збира?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Рацете на децата трчаат по патот на твојот глас и ги збираат искрите на свежиот поток По жилите на царските мигдали течат водите на младото сонце. Сѐ е создадено.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Тој служи за подниците, а каде што семејството е многубројно и не ги збира сите да спијат по катиштата, им фрлаат по некое рогузинче на децата навечер за спиење, додека блиското семејство, мажот со жената, и по некое дете, спијат пак на рогузина и козинаво покровче, по катиштата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој го задира: „Најди ме, најди ме!” - и мајсторот прави нов напор, се подналактува уште пониско на столчето, ги збира уште повеќе веѓите, и бара, и бара.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Трајче и Горјан ги збираа дрвјата и ги редеа.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)