ги (зам.) - изеде (гл.)

Ја разбираше величината на татковата жртва, но чедата со кои мина низ толку бури и војни, тие мајкини рожби, што не ѝ ги зедоа војските, сега требаше да се фрлат во устата на волкот, на тоа проклето Кале што ќе ги изеде козите, токму како во приказната за козата на господин Сеген.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во деновите кога е карневалот во Венеција, некои дојденци од Македонија настрадуваат од дерикожи, други играат оро и се сликаат со полуголи женски, трети купуваат и подаруваат цвеќиња, од што дома би ги изел срам.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тука, на плоштадот Свети Марко во Венеција, доселениците од Македонија си ја поткреваат завидливоста, повеќе гледаат отколку што вкусуваат тукашни салати, сирења, вина и кафиња.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сонцето ги извлечка од земјата копривите, штавеот печурките и други билки од кои можеше да се свари зелјице и да се фаќа нова крв, та така децата по цел ден береа зелје, полжави, копаа корење од диви кочани и сосем земја ги полнеа своите празни стомачиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Што ќе рече валијата во Битола, што ќе рече пашата? Толку ли чурук се кајмакамот и бимбашијата?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Маските, коњите, магарињата токму сега почнаа да пцовисуваат, воловите ги изеде аскерот, а овчарите останаа со стаповите в раце и ѕвонците по мутлите нафрлани, бидејќи сѐ се изеде и изумре од глад, која затропа на сите селски врати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И навистина, една сабота, кога некои од затворниците ги повикаа на видување, тој стана, им ги претури торбите и пљачките и им ги извади сите работи што имаа за јадење и им ги изеде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Црна срамота ги изеде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе ги изедат змии, видри. Секогаш некој некого јаде. Така е тоа, - мудро заклучи Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со малку сиренце, она убавото, жежено што се вика, и што се прави со усвитени камења што се ставаат во овчо млеко, и со понекоја голтка водичка од стомнето, ги изедоа печените компири, убави, вкусни какви ни на царска трпеза не можат да се најдат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Облеката им ја раздадов на бегалците, поубавите работи ги изедоа молци.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа сакаше тој да ги изеде, таа сакаше неговиот метаболизам да го преработи неверството во неговиот систем, така што неговото тело ќе може да го апсорбира тоа неверство и да живее со него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше болен, немоќен беше, блед, како молец што ги изел јаслите свои, ткаенината во која се родил (пајакот никогаш, макар и најгладен бил, не јаде од мрежата своја, од делото на утробата своја); таа ноќ, кога му го покажав пајакот грозен во ковчежето, сила незнајна, сила ѓаволска го крена на нозе, и тој со мене појде, кон гревот негов, мене што ми се пиша во книгата на вересиите божји.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако не дојде Панде додека ги изедеме ќе си одиме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Туку што има да се срамат и да бегаат, не ќе ги изедам.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ова некако набрзина кога почна мајката, кога заврши? Ни пуканките не ги изедовме. Салата се испразни, а јас уште чекам.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Таму ќе ги оставиш сами, за да ги изедат ѕверовите шумски…
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Можно е, либералните дејци: Миљуков, Ручков, Победоносцев ништо не ќе стореа од Русија, имаше да ги изедат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Впрочем, можно е, со други ништо немаше да успее.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Зева од вие чушките ситните едно кило, му вика: - На, ќи му ги дајте на царот ваш, ако може да ги изеде вие чушките, тогин може Македонија да ја повладе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се чудат, се умат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Не бре, брате, не се јаде никак, не се клава во устата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Стоиме на Козјак, козите волкот да му ги изеде!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едно од децата свикува: - Мамо, мамо, вели, тате сите печурки ги изеде. - Како, бре сите, вели Дуковица. - Еве веќе нема, вели детето и почнува да плаче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Белки така не ќе ги изедеше сите, вели, ама со намален глас, да не се чуе до Дука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што ќе ги јадат некои, нека ги изедат децата мои.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На недалечните ниви ноќта ги изела трепетливите копја на спечените пченки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Само трипати ни се случи во купонските времиња да останеме без нив: еднаш кога купоните ги изеде една од нашите кози од времето пред забраната за чување кози, другиот пат кога беа паднати зад еден креденец, а Мајка ги најде кога им беше поминат рокот и повеќе немаа никаква важност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веќе и не се бранеа, оставија вошките докрај да ги изедат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Срце да ги изеде, - проколна мајка ѝ.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Така свети Илија си ја чуваше сам стоката та никој не смееше да гибне ништо манастирско (освен питропите по селата и веќилите Вртановци во Прилеп) за да не се потфати како лисицата или волците што паднаа на пусија, откако ги изедоа манастирските ждребиња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Французинот се расправаше со главата од јагнето; дел по дел ја разглобуваше: ги отчали првин долните вилици и ги изеде кревките меса на нив, потоа јазикот, па очите, па отворајќи го черепот, го измолкна мозокот со прст, го изеде, па почна да чепка по мевцата околу образите и вратот; ковчињата ги редеше пред себе на купче; погледнуваше одвреме-навреме во учителот и продолжуваше дел по дел да ја рзглобува главата како искусен хирурх.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Остави ги тие хартии, велам, и нив ќе ги изеде правта, сонцето не заоѓа на пладне!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Море, нека ги изеде, а ние да се вратиме дома!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Сомуни да беа десет – ќе ги изедеше, - додаваа други.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А Зоки намуртено додава: - И за вас нема! Колачињата веќе ги изедовме!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Со еден збор, така велат старите, црната темница ги изеде.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Знам многумина кои заминаа по патот што не го избраа самите, па сепак не ги изеде несреќата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога се качуваше по скалите, на чардакот кучката и куталето ја довршуваа попарата што ја беше надробила баба од манџата и лебот што не ги изеде даскалот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И повеќе не ги видовме командирите наши. Ги изеде ноќта, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)