Тоа препукна во него и тој сега мораше со нив да прави нешто, мораше да ги изгуби за едно извесно време, да ги изработи, да ги измори за да го остават мирен, па колку безмислено и да беше тоа пусто префрлање на камчиштата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа ќе ги измори уште од зори ...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
А прислужникот вртеше, опкршуваше со коњите низ селото сè додека не ги измори.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Поради безрезултатноста, мислата за Брезница ги измори братучедите.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Археологот и инженерот со тешка мака ја искачија Гола Глава, ги измори брзото одење, а им тежеа и годините.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)