Не можев да ги изустам вистинските зборови, во овие неочекувани мигови.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Нека гракаат гаврани и со остар поглед орлите од висина нека одбираат мрша... - последните зборови ги изусти небаре се остаток од издишка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Му ги слушна и зборовите кои речиси нечујно ги изусти.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Повторно, како и тогаш, ги изусти истите зборови: - Господе, ова место каде се спојуваат реките има нешто што судбински ме поврзува.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Кога зборуваше, внимаваше зборовите да не ги исфрлува тукутака: ги задржуваше во себе, господареше со нив сè додека не оценеше кога треба да ги изусти; велеше: ”Еден непромислен збор да пуштиш, ти треба безброј други да го поправат...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Романот на Фајнберг е класика и битно влијаел врз читателите насекаде во светот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, класика е делумно поради тоа колку јасно и отворено артикулира едно искуство на настран идентитет кое дотогаш ретко се опишувало со толку луциден, трогателен јазик. (Можеби Бет Гринфилд сакала да го замени тој класичен срчен крик за лезбејскиот/трансродовиот јад, романот на Редклиф Хал Бунарот на осаменоста од 1928 г., со некоја политички не толку недрага, посовремена верзија).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Џуди Гарланд, пак, станала жариште на еден машки геј-култ во годините пред Стоунвол бидејќи, далеку од тоа дека нашла нови зборови да го опише настраното искуство, сепак, некако им дала глас на неискажливите копнежи на геј-мажите без воопшто да ги изусти.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Некои од овие забуни се можеби генерациски.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога старата ги изусти овие зборови, калуѓерот потскокна од местото како со игла убоден, но се направи рамнодушен и го продолжи разговорот: – Зар немаат вода во тврдината?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)