ги (зам.) - инхибира (гл.)

Секој психијатар со минимум искуство знае дека тоа е невозможно, такашто, кога некој ќе му дојде со такви симптоми, тој не дијагностицира шизофренија туку хронична вознемиреност и слично.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Халуцинациите, наводно, треба да се сузбијат после шест дена, шизофренијата наводно се лекува, то ест симптомите се сузбиваат со инекции коишто, пак наводно, ги инхибираат менталните функции одговорни за промените што се сметаат како одраз на пореметувањето и кои се со самото тоа непожелни.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа беше потег со цел, сосема прагматско движење; тоа е она што ги инхибира младите мажи при средбата со искусни жени; кај мене, таа инхибиција се засили и со оној добро познат наивен младешки гнев кој доаѓа од агонистичката, речиси спортска свест дека не си прв; тоа многу потсетува на наивното убедување на младите уметници дека се оригинални, дека се први и дека ќе напишат нешто сосема непознато и неочекувано, заблуда од која потем тешко се ослободуваат и страдаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)