- Им зборуваше тивко, но со наредбодавачки тон а се со цел да ги искачи што погоре, поблиску до селото.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
До својата полнолетност, речиси, ги искачи сите поголеми планински врвови во Македонија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Кога Стела ќе ги искачи двете кофи со малтер на скелето кај Богдан, ги турива подолго време во текнето свртена со задниот дел кон Богдана и поднаведната при што поткренатиот фустан ѝ ги открива бутините.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Не приоѓајте му, Три жени со бели шамии околу главите Седат во полето и го чуваат него Спроти долгото патување низ темнината, низ бесконечните растојанија од студот до огнените знамиња на плодот, не приоѓајте му, Утрово ќе ги искачи ридовите и ќе застане на она место каде што застануваат јулските квечрини да ја гледаат девојката со срп во рацете како оди низ полето и застанува боса среде реката на залез сонцето за да ја оплоди и така размножена да истече со реката до свирепите мориња на усмата, Оставете го, Однесете му тогај вода, дајте му сол, и чист во душата нека си легне во полето да слуша како пеат светулките меѓу ожнеаните стебленца на пченицата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Всушност, тој силата си ја црпеше од неа, инаку како би ги искачил сокаците кои се креваа до облаците и некаде потаму.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Кога со автомобилот стигнавме дома ти немаше сила да ги искачиш скалилата.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Се протна низ подотворената заглавена железна врата, ја изоди излоканата бетонска патека до влезот, ги искачи неколкуте скали до влезната врата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Љубам да го дочекам сонцето кое доцни по светлината зашто му треба време да ги искачи зградите околу мене, смешно надградени како вила „Слога“, во различни бои, тесни а долги.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Како лесно ги искачува стрмите ѕидови, и озгора, залепен на сводот, му се насмевнува на светот.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
И бевме таму; го гледавме газдата како вози, како ги искачува ритчињата, како ги совладува пречките, како ги прескокнува долчињата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Продолживме пеш. На тоа место Вардар беше исто така див како и околината, брз и длабок.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Низ насипот не можевме да ги искачиме велосипедите, па решивме да ги оставиме во грмушките, и онака не се гледаа во тревата, а и немаше никого наоколу.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Премногу е стара бабата Беранж за да ги искачи моите спратови... Од кај ли излегува? ...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Тие нагло паѓаат, влажните тела им се споени, страсно тресејќи се од страв, од радост силината на ударот е Јас, Мартин, јавно го обзнанувам против сите судбини неуништливото семе Мартин не го зема лифтот без лифтбој до четиринаесеттиот кат, како што тоа обично го прави, бидејќи, размислувајќи за тоа поради некое чудно претчувство, решава пеш да ги искачи сите тие четрнаесет низи скали.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Никола, ајде да се организираме, децата да ги искачиме преку Алдинци до Планинарскиот дом Караџица.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)