Против ова решение не е дозволена жалба (чл. 17, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Претседателот на советот, односно судијата поединец раководи со главната расправа, ги испитува странките, изведува докази, им дава збор на членовите на советот, на странките, на нивните законски застапници и на полномошниците и ги објавува одлуките на советот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Симболите на архитектурата ги слават и ги испитуваат прашањата на исчезнувањето и смртта.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Потскокнуваат, потскокнуваат, дури и замавнуваат со нив.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Како оние недораснати пилци додека си ги испитуваат крилата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Учителот, со лице мирно, но и студено како мермер, стои пред таблата и со пронижувачки поглед ги испитува ликовите на своите ученици.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Книгава, како и мојот предмет, се вика Како да се биде геј затоа што таа фраза ги именува темата, појавата и проблемот што сакам да ги испитам и да ги разберам – имено, токму претставата дека постои правилен начин да се биде геј, дека машката хомосексуалност не е само сексуална туку и културна практика, дека постои врска помеѓу сексуалноста и општествената или естетската форма.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Меѓутоа, геј-режисерот Исак Џулиен, во својот сјаен краток филм Настојникот (The Attendant, 1993), без колебање ги испитува историјата на ропството, нејзиното претставување и нејзиниот поживот во современа Британија така што режира меѓурасни геј-садо-мазохистички сцени во музејот Вилберфорс хаус, установа што се наоѓа во градот Хал, во која се слави животот и делото на борецот за укинување на ропството Вилијам Вилберфорс и во која се наоѓаат некои од највеличаните уметнички предмети создадени од аболиционистичкото движење во деветнаесеттиот век.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Генијалноста на Милеровиот пристап кон бродвејскиот мјузикл е во тоа што му овозможува да ги испитува машкиот геј-субјективитет и неговата градба, истовремено заобиколувајќи го душевниот живот на поединецот така што се служи со форма од масовната култура која е популарна меѓу геј-мажите за да ја документира и да ја врати својствената организација на субјективитетот што кај геј-мажите како група ја создава некој особен сплет на историски и културни состојби.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Заобиколен од многу граници, тој не може да си ги испита сопствените можности до каде досегаат неговите граници.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тоа содржи ризик и испитување. Тоа сепак би можело и така да се формулира, дека Вие барате да ги испитате границите на позитивното знаење, да речеме, границата помеѓу она што може да се каже и она што не може да се каже.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Деконструкцијата дури треба - и тоа мораат да го прават други, јас за тоа сум неспособен и некомпетентен - да ги испитува и научните текстови како од социјалните и хуманистички науки така и од тнр. егзактни науки како што се 64 Margina #1 [1994] | okno.mk физиката и математиката.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Во “Граматологијата” започнав анализа на трагата како нешто што не овозможува да се мисли внатре разликата присутност-отсутност или бивство и не-бивство. Ми се чини дека Вашите изводи одат кон тоа дека Деконструкцијата е деконструкција, и дека може да ги испитува сите други дисциплини.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Затоа и препорачувам на оние кои ќе се согласат со дефиницијата на Коваќевиќ и кои ќе сакаат да ги почуствуваат ефектите од нејзината примена, најпрво да ги испитаат своите потенцијали - дали се подготвени за продукција на нешто смешно, то ест на она што би ја разбило безнадежноста.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Најпрвин бил водач на маски со кои се распоредувале бурињата со барут носени од места и по патишта што само тој и главарите ги знаеле, потоа му дале да определува деноноќни смени во работилниците за оружје, да бдее над мајсторите, да ги испитува пушките и камите и, според распоредот на бунтарскиот командант Кара-Тошо, да им ги доделува на нестрпливите чети на чие чело веќе стоеле војводи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Наслушнувајќи го животот на другите, на оние за кои веќе се пределе легенди, поетот си ја покривал душата со лажна лика, и онаму кај што не им достасувала храброст, убавина и големина на опеаните, тој, како мал бог што создава свои совршени и вечни суштества, им го додавал богатството на својот дух за восхит и за поука на современиците, да седат во вечерите крај огниште и восхитувајќи се да си ги испитуваат мислите не ли се и самите родени за големи дела и за песни од кои и воздухот со возбуда затрепетувал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога гратчето Негуш дало клетва дека ќе се крене на востание со повеќе села и со други гратчиња против челмоглавата Султанија со побелена брада од слични и поголеми востанија во Србија и во Грција, меѓу прочуените негушки јунаци по потекло Македонски Словени и Грци водени од Кара-Тошо, Ангел Гоцев, Зафирикис и уште неколцина долгомустаќести војводи, се нашол помеѓу побунетите луѓе и дотогаш мирниот казанџија Панделиј Каламарис.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа народните поети ги раскажувале возбудливите настани развлекувајќи ги песните со волчи грла.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш не знаев дека поезијата е за една глава над астрономијата - не ги испитува ѕвездите туку лесно, на волшебен начин, ги симнува на земја.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Купија сукно, мошне квалитетно – и тоа не им беше тешко, зашто за тоа мислеле уште половина година пред тоа и ретко кога еднаш месечно да не излезат по дуќани и не ги испитаат цените; затоа, пак, Петрович рекол дека подбро сукно и не можело да се најде.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Жари: Патафизичарите ќе ги испитуваат исклучоците од владеачките закони и ќе го објаснуваат универзумот што ќе го надополнува овој (универзум)...
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Кога му го поставивме истото прашање од почетокот на статијава за потребата од нови фонови, тој одговори: „Денот кога веќе нема да ни се потребни нови фонтови, ќе биде истиот ден кога нема повеќе да ни требаат нови приказни и песни.” извор: Print превод: Сања Фрковиќ Маргина 36 183 184 okno.mk Постои чудна нерамномерност во проучувањето на пишуваниот јазик: некои негови видови, како што се историјата на алфабетското писмо, научниците со генерации грижливо ги испитуваат; некои други видови, како што се психолошките процеси врз коишто се засновани читањето, пичувањето и правописот (во смисла на графичко претставување на одредени гласови), станаа предмет на сериозно проучување дури во осумдесеттите години.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тоа се тие патријархални „компетенции” што ни порачуваат дека нив не ги интересира историскиот живот на народот кој се развива правно, економски, културно, кибернетички, кој ја рационализира својата природа и во една цивилна општествена форма ги испитува одредува причините и последиците на своето историско постоење.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
А органицистичката историографија никогаш не била кадарна да ги испитува причините за сегашната состојба; разбирајќи ја во претпоставките на минатото таа, едноставно, национално самосожалива, „метафизиката” на инаетот ја прогласи за витализам И тоа е тоа кисело грозје (психолошки закон) од коешто забите не престануваат да трнат. 06. 1. 1992.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Деновиве носев маичка со ликот на Корто Малтезе на неа, на што Карло страшно се возбуди: започна одоколу да ги испитува моите познавања на тој (во Америка малку познат) стрип-јунак, па кога виде дека сум фан исто колку и тој, започна да ми раскажува за своето пријателство со цртачот Хуго Прат, за некој филм што требале да го работат заедно, за тоа како животот на големите автори не е ниту малку идиличен како што се идилични приказните за нив, за тоа како Хуго многу пиел и јадел и имал срце за целиот свет, ама не и за насобраниот холестерол, за неговата смрт и спомените што зад себе ги посеал, за тоа како Корто сите други континенти ги прошета и во Северна Америка сепак не стапна, а пак нас водите на животот токму на овој брег нè исфрлија...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Уметникот во својата осаменост создава нова онтологија и ги испитува нејзините предности или нејзината злокобност.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Можеби тој воајер кој наѕирнува од некое скришно место ќе поверуваше дека Анастасија си вообразува оти нејзината рака е крило што сака да ги испита своите можности за полетување?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Секој период во историјата произвел име и херојска легенда за моќниот, упорен, креативен поединец што ги испитува новите граници, собира и донесува нови информации и се наметнува како водич низ генскиот пул* до следното ниво.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Типично за тој временски слободњак е што тој ги комбинира храброста со големото љубопитство, и со крајното самопочитување.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
На трупот се напишани зборовите: Моето име е Ozymandias, Крал над Кралевите: Погледни ги моите дела, ти Моќнику, И очајувај! што очигледно имале сосема поинакво значење во нивниот првобитен контекст. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 59
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Идентификувањето на уверувањата коишто немаат доволно поддршка од процедурите за оправдување и нивното отфрлање од корпусот на знаењето е речиси согледано како негово „прочистување“.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бидувајќи критична, таа испитува сѐ, и често е поосетлива за слабоста отколку за јачината на она што го проверува.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во принцип, ништо не е свето за модернистот, кој е подготвен да ги испитува гледиштата повторно и повторно за да види дали тие сѐ уште се вклопуваат во критериумот за прифатливост.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За да го пронајдеме концептот ние треба значи да се загледаме во интенциите, односно, во свеста на изрекувачот. (Свеста значи станува некој вид на присутност.) Но што би нашле, доколку ги испитавме интенциите на изрекувачот?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И ако би го побарале значењето на овие зборови ние само би добиле повеќе зборови.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тие ги испитуваат причините за борбата што ја водиме.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)