ги (зам.) - испише (гл.)

19 Спаиите како спаии, не се вјасаа многу. Тие дојдоа и фатија ќатипи, ги испишаа снопјето и си отидоа назад во Прилеп, да ги чекаат селаните со понуда за откуп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поетот со зборови ги објаснува зборовите “со големи очи кои гледаат далеку зад себеси“, моливот што ги испишува (“тој човек во човека“) и неможноста да се допрат, зашто “тие се излез / од темниот заборав на материјата / и душа - на душата“.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Така, тоа чувство дека еве го крајот, тој е тука, сосема близу е, само привид е за неупатените, ние занемените пред можностите што ни ги испишува поетот на својата „табула раза“ што си ја држи скришно пред секое ново вгледување во неа, врз неа за ново испишување.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Можеби ти си некој друг што ќе ги испишува нашите празни страници.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Еве, ова е почеток на романот што отсега ќе го пишувам.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се покажува дека Ема била во право: јас сум Тој Некој кој допрва ќе ги испишува празните страници од нашите животи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Можеби ти си Тој Некој,” ми рече. Молчев.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Молчеливо, несигурно гледаат во подот не знаејќи како да започнат разговор, си ја местат фризурата во огледалото, си ги испишуваат имињата кога се сами.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Во долот, ретко обрастен во скаменетоста со диви грмушки и безимени треви на кои недалеку лежи убиен нераседлан белец, како да е со нив и трета присутност - смртта, која со стрпливост чека да им ги испише имињата, едното муслиманско, другото рисјанско, обете балкански, врз пегамент на заборав. Молчат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зафатија луѓето гробовите што подобро да ги уредуваат, надгробните плочи и крстови да ги испишуваат со најлични букви, да редат слики на покојниците, да ги украсуваат со ангелчиња, со гулапчиња, со светци, саксии со цвеќиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Верував дека ќе можам да ги испишам празните страници од незавршениот татков ракопис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сократ, тој горд, самоуверен Атински демократ, индискретно се избрза откривајќи ја опасната вистина со зборовите: “Целта на човечките суштества е да се спознаат себеси”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кинескиот поет-филозоф ЛаоЦе зајадливо нѐ потсетува дека тао е постојано променлива комплексност со брзина на светлината, недостижна и недофатлива за нашите прсти и палци кои работливо ги испишуваат буквите врз нашата алфанумеричка тастатура и умствените оперативни системи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)