ги (зам.) - истенчи (гл.)

Сигурно ги истенчил усните, ги набрал веѓите, премолчил пред оној кој му го кажал тоа, решил во себе: - Ќе ми платиш! ***
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Постојаното свиркање на Темелко, му ги истенчи нервите на сакатиот и тој не можеше веќе да издржи, та еднаш кога му свика да запри кога Темелко не запре - сакатиот го удри со патерицата по устата и темелко падна.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Ведане, - ми рече помирливо - можеби претерав, ама признај дека ми ги истенчивте нервите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)