Стоеше некое време со тоа зоврување во себе и врз урнатините на своето сфаќање за тоа останување, едвај се здружуваше да не се размавне и да ги истурка надвор, на снегот, само наежавен свреска: - Ама чујте, луѓе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Скоро, што братучедите малку ги зачуди, наместо оние двајца, излезе некој трет, им завреви нешто, ги истурка кон чардакот над тремот од племната.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ама кој е тој будала, пак, што ќе си го закопа на животи чедото: да му гладува: И така, стариот Ѓуро гледаше да ги истурка прво тие „чумите“, женските, па за Јошета — ако се најде арно, ако не, — нека му е жива бабичката; ќе го приперува на две три недели еднаш, и ќе им завалкува по некој короман кога ќе донесе по некој тагар брашно.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А кога Андон ги истурка сам парите на подот, по кој се колчеа пејачките, Филе не се здржа: - Мм... Шутрак...- промрмори налутено и нареди да се угасат ламбите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)