Современиците го знаат како човек кој лесно ги трошел парите (и за лично задоволство, но и за други потреби), но и кој умеел на разни начини да ги набави.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Сепак, можеби со исклучок на Lichteinstein- овото „Девојче со панделка”, Сандо тврди дека делата што ги набави МОТ, и покрај високите цени на набавката, не се автоматски и меѓу најдобрите творби на застапените уметници.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Но кога Дамческите предложија да се обноват лозјата, со специјални сорти лози, што тие сами ќе ги набавеле и ќе ги донесле дури од Мелничко, речиси се побунија против нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Најинтересно беше кога градината ја обогати со ретки растенија, наречени месојадни, што ги набави од Африка.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
„Молчи“, ја предупреди Влатко, „да слушаме.“ „.... таквите апарати веќе ги има Топланата - исток, скапи се ама да се надеваме дека и Топланата - запад ќе ги набави.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Како незавршен лекар, со различни мевлени и билки, што сам ги прави или ги набавува во Прилеп и Битола, кога оди таму да шие европејска облека, бесплатно ги лекува луѓето...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)