ги (зам.) - навре (гл.)

Илко им ги навре зобниците на маските и си тргна со Митра кон огништето; го собра оганот со машата и седнаа двајцата наспроти да се греат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги навре сите котелци на двете игли и почна да плете.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само понекогаш кога немаше работа, Боце ќе ги навреше очилата на нос и се обидуваше да прочита по некоја страничка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа утро Никола стана рано... Си ги обу сините потури7), ги навре чевлите, го облече црвениот со срма опточен елек и ѝ викна на Султана: - Султано!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гледав кон отворената врата, домаќинката знаеше во што.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се повлеков од прозорецот. Во собата мракот го оторбешуваше таванот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги побарав опинците, ги најдов, некако ги наврев на нозе. Осаменоста веќе ми беше тешка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Побрзав да кажам дека од таа девојка, нејзина ќерка или комшика, побарав вода, жеден сум, ги наврев опинците да побарам бунар или чешма.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пелагија се облече во пљачките на Димостен, ги навре неговите војнички панталони и блуза, партизанската капа ја замени со качкет и секое утро од подрумот излегуваше егејски партизан а не мома, а таков партизан и се враќаше од планината.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
По ручекот и одморот од еден час време сејмените пак им ги навреа белегзиите на рацете и ги потераа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Воловите ги собраа да им се најдат за јадење, а две човечки глави од отепаните орачи ги навреа на два стапа и ги понесоа како воен трофеј пред Суља за да ги исплашат со нив бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Геро си ги одвитка ногавиците, си ги исправи ракавите на кошулата, ги навре патиките, но не ги врза, и не гледајќи ни во Ване ни во Евда, сепак рече: - Добро е што си продолжил да учиш. Ќе ни треба и таков.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од нога му нареди на Евдо, бидејќи негов постапалник, како знае и умее да најде безбоен конец, јадици со црви и стап по своја должина; на Ване, да испразни една торба и да ја наполни со свежи коприви; а на шоферот да наполни испразнети конзерви минерски карбит и рударски фитил; а самиот прв ги навре износените патики и на целата екипа тоа не им го препорача туку им го нареди, макар што секој од нив знаеше дека по снимањето ќе се вратат со партали на стапалата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)