Скандалозното поимање на пишувањето, кое ги нагризува самите темели на нашата мисла од филологијата до семиологијата, опстојува во она што Дерида го нарекува текстуалност, неговата теорија на пишувањето како систем од придодавки кои се разликуваат едни од други а притоа взаемно не се укинуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На мошне заобиколен начин Дерида како да навестува дека странската, источна митологија внесена во Федар вопшто не е странска, туку е составен дел од Платоновиот сопствен дискурс - значајна придодавка, би се рекло, која треба да се смести вон, а всушност припаѓа внатре.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Нешто бездруго им се случило на тие мажи што им ги нагризало самопочитта и моралната издржливост.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)