Таквиот впечаток, дека сонцето изгрева, сеедно што изгрева однаопаку, од кај запад, ги надополнува младешта.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Исто така, тој, раскажувачот, не си допушта себеси празнините останати внатре ваквото толкување од страна на ликовите, да ги надополни со упади на авторот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
У то Нувусељ кај да копниш ки најш киримитка и вадин, а у Арапанов Камин тешко са најдуват! ги надополнува моите размислувања старецот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Незавршената таткова книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите стана силен поттик не само да ги надополнам нејзините незавршени страници, туку да трагам по нејзините отворени, нерешени прашања, посебно во однос на власта, владеењето, конверзиите поврзани со инквизицијата и другите историски процеси, погромите, језуитизмот, реформите и нивното отсуство, како основни извори на бројните судири во светот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се обидуваше, со сите сили, додека ги имаше, сѐ до залезот на својот живот, да ги надополни овие две големи празнини, првин, станувајќи голема мајка на своето семејство и да трага по својата загубена татковина, останувајќи му верна на митот на враќањето во неа, носејќи ја постојано со себе врската на клучевите од напуштените куќи крај морето, крај Езерото, низ повеќе генерации на семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Јасно е дека постојат уште некои правила во поведението на песокот што треба да ги надополнат оние кои веќе се присутни во моделот на Лифман.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
На кршителите на таа граница, со тој закон против пушењето им се спротивставува здружената моќ на политичката заедница, што борбата против пушењето ја признала за јавен интерес.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На овие видици на вреднувањето на неговата трпеливост законот им додава одредби, што претходните не ги отстрануваат, туку ги надополнуваат во разграничувањето на дозволеното и недозволеното.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ако различноста на моќта на субјектите е средина каде што можат да настанат толерантни односи, различноста на субјектите што стапуваат во однос е нужен услов.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)