А сомнителни ми станаа кога најмладиот, веројатно вториот помошник, како божем со стиснати нозе се упати кон клозетот, а всушност се шмугна низ вратата надвор, додека другите двајца што останаа на масата престанаа да разговараат наведнати еден кон друг и продолжија да ги накреваат чашите завалени назад.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И Јон излегува, ги накренал ушите, не знам што му е. Мислам од сношти уште не му разминала лутината.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јајцата ги пијат живи; ќе ги дупнат со игла и ќе ги накренат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги накреваат муцките и само гракаат: — Еј, женшини, здјес у нас адин љотчик42.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)