ги (зам.) - наплатува (гл.)

Како да ги наплатуваше долговите: замавна со столот и ја погоди таа глава. „Еве ти“, рече „Еве ти, проклет месечару.“ Се повлече еден чекор назад не пуштајќи го столот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Корисна направа за пијани шахисти коментираше Господ Саздов но ваквите објаснувања не ги наплатуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дека всушност и таа преку креветот ги наплатува услугите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Баба ми се согласи и се договоривме заработувачката да ја делиме на половина, а во бизнисот да го вклучиме и дедо Борис, кој ќе ги наплатува влезниците.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)