Нив никој не ги учел, освен нивните предци, на добрите работи, сами ги насетуваа: чувството на понизност, чувството на благодарност, способноста за простување, преку тоа ослободување на енергијата меѓу нив.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Имаа развиена силна интуиција за нештата, ги насетуваа работите пред да се случат, умееја да го читаат писмото на небото: дали се тоа облаци, ѕвездди, обликот на месечината, сончевите трансформации- при изгревот и при заоѓањето!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Татко ми сигурно ги насетува моите мисли и ја чувствува мојата осуда, што ниту со еден збор ништо не ми кажа што зборуваат потајно со тетка Рајна. Се криеја од мене.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Од утре ќе ја забравам вратата, ќе ги спуштам ролетните, ќе ги исклучам телевизорот, фрижидерот, машината за перење, ќе ги изгорам фотографиите, писмата и сите останати продукти на хуманизираната носталгија, ќе се соблечам и... ...во мракот, во молкот, ги начулам ушите, пуштам да ми се провлече 'ржењето низ грлото, нечујно газам по тепихот од трева, бршлен, од мравки и изгниени коски на жртвите, ги насетувам, од другата страна на решетките, преплашените контури на полуќелавите, бледи чиновници, го одбирам најмалиот, најизгубениот, веќе му го распознавам лицето што со мазохистички грч се ѕвери во мене, со побелените прсти го стиска работ од канцелариската маса, врз која лежи расфрлена хартија, избраздена со црвен фломастер, немарно се испружувам, токму до неговата нога, загризувам силно, под платното на пантолоните, под епидермот, но не дозволувајќи му на сечивото на забот да оди подлабоку, заплачува додека со јазикот нежно минувам по ранетото место, сѐ уште воздивнувајќи од болка го зграпчува црвениот фломастер, нервозно зачкрипува по хартијата... волшебниот лет на шарената топка или повеќезначност на современиот театар ...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Крвавите отпечатоци тој само ги насетуваше во темнината - прогонувачите по нив не можеа да го најдат.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Во бродот Галеб се одржуваше Југославија во мало како во подвижен музеј, како објект во пловидба, со елитни кадети, избраници од сите народи и народности на Југославија кои на своето копно ги насетуваа првите тектонски поместувања на големата конструкција, а на морето беа како птиците албатроси со раширени крилја, принцеви на сините морски ширини.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во бродот беа присутни сите Титови обележја, освен него: неговата биста, неговата работна соба, неговиот свет од долгите пловидби, плочките на кои беа испишани имињата на славните посетители, покрај државниците и имињата на Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Софија Лорен и други...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Крвавите отпечатоци тој само ги насетуваше во темнината - прогонувачите по нив не можеа да го најдат. Револвери, шушкаше.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Од раѓањето па до венчавката девојките најчесто беа чувани во потполно незнаење за сексуалноста и можеа само нејасно да ги насетуваат нештата; од дома излегуваа само во придружба на мајките или на некој од повозрасните роднини; од нив се криеше секоја претстава за интимните делови на машкото тело и секоја претстава за интимниот однос.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Некои девојки од своите мајки дознаваа, само неколку часови пред венчавката, што е она што ќе се случи во првата брачна ноќ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Татко ми ги насетуваше строгите мерки.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ги насетувавме мајчините придушени извици предизвикани од големите болки.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
„Е, се спуштаме едно утро во длабокото, а мајсторот како да ги насетува моите страдања“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И Татко и Игор Лозински со внатрешната моќ на напатени души во егзилот, силно ги насетуваа метаморфозите во просторот меѓу водите и небото, меѓу богатата езерска флора и фауна и луѓето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)