— Ќе и пратиме во Софија да се купат манлихери, како ваа моата, — предложи Толе и така направи Трајко.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Првин дојдоа само десетина души, вели Николе Валавичарот и почнаа да бараат ракија, и ние им донесовме ракија и, заколете десет кокошки, велат, за секој по една, си ја редат, и ајде и кокошките им донесовме, им ги натокмивме на трпезите црквински и тие јадат, гнетат, а ние стоиме на страна и гледаме, и среде јадењето некаде под црквата квикна прасе, а, овие ќе колат и прасе, вели старшијата, прасето нека го за вечера, вели,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Преметнаа сега наваму од Кравица стотина — двесте овци, десетина говеда, коњи, магариња, а Бешот ги отера со пет шестина селани во Прилеп и ги натокми стоте лири што му ги зеде Етим со измама.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)