За тоа сведочат и обични рибари, спасувани лично од него, во судир со окупациските власти, обвинувани за риболов или за ситна контрабанда, за да си ги нахранат бедните семејства, без да ги знае нивните врски со партизанското движење.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Само двајца или тројца знаат за нив, за куќата во која се сместуваат, за времето кога ќе си одат, ама освен нив никој друг не знае каде ќе одат... народецот знае само да ги нахрани, да ги стопли, топло да ги покрие кога спијат другарите од власта народна.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И слушај сега! Тие шо ќе поминат утре да ги нахраниш веднаш! И запамти: секогаш да имаш леб!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во тој свет на маалото имаше населено, пред војната и по војната, луѓе од сите страни на Балканот, но и надвор од него: Македонци, Албанци, меѓу нив муслимани, католици и православни, познати како Шкрети, Турци, Срби, Ерменци, Грци, Бугари, Власи, Хрвати, Босанци, Роми, дури по некое руско семејство и други, сите поврзани со заедничката грижа на опстанокот на семејствата, како да ги нахранат децата во гладните времиња, принудени во едно време да чуваат кози, да се здружат со козите на козарите, повикани од режимот од планинските села, да станат работничка класа, но набргу козите од други причини им беа одземени од козарите и ликвидирани, а козарите не станаа никогаш работничка класа каква што ја замислуваа архитектите на новото комунистичко општество.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Имамот чувал во подрумот разни прехранбени производи, како што велел, за црни дни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во семејството на еден скржав имам неговата домаќинка била принудена да меле пченка, кочан и кора од дрвје за да си ги нахрани децата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нека се зберат сите орли над мојава пепел да вијат ќе ги нахранам за сетно а потем сите беспатја на нивните крилја нека расцутат дива подземна рика нека ги храбри: најхрабриот од вас исколвете го жив на топла крв да ја посадите мојата пепел да заврзе нешто што ќе го поткрене небото горе да има кај да се умре илјадна не стигам!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Мојата чинија до крај остана полна, но татко ми беше толку зафатен со тоа да ги нахрани и напие гостите, што одвај ме забележуваше мене, и тоа дали јадам или не, и како се чувствувам.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Нагонот го одржуваше дивиот род: волчицата се бореше да ги нахрани малите и да и ги подари на шумата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Отишле во уште поголем град и се пријавиле во циркусот што токму тој ден заминувал од таму; ги примиле само како знак на добра волја, да ги нахранат и да ги превезат во уште поголем град.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
ДЕПА: Сѐ ми е умов во говедата дали ги нахранија!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
- Белуш! Белуш! Мирен, - се обидуваше Денко да ги смири и ги мамеше да дојдат до Гогов Валог, до дедо Димовата колиба каде ќе може да ги нахрани.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Присутните се однесуваа сосема нормално, дури и понормално од нашите викенд- фамилијарни седенки, сите удрија на гозбата, која по нашиот христијански обичај можеше да ги нахрани гладните во Африка.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Несреќниците ги нахранивме и ги напоивме, ама не најдовме збор за утеха и за олеснување на нивните маките. Дали останаа долго? Не.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И чичко ми многу убаво ги гледаше, тој стануваше дури и ноќе да ги нахрани, а наутро ги чешлаше зашто не сакаше воловите да му бидат валкани.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Со две плати, ќе биде подруго. Барем ќе си ги нахраниме децата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Огнот е шеесетинка од пеколот; медот е шеесетинка од тревката мана со која господ ги нахранил гладните во пустињата; саботата е шеесетинка од оној свет; спиењето е шеесетинка од смртта; сонот е шеесетинка од пророштвата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)