Луѓето со такви претерани, нереални, опасни желби мнозина ги одбегнуваат, ги нејќат за другари, за пријатели, за соседи.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
„Не, нејќам мачка. Мачките се подли, себични и секаде се пикаат. Па и тие не се за машки.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ете за ова Митра ја сакаше зимата, а ги нејќеше другите годишни времиња.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Девојчињата сакаат мачиња а кога ќе пораснат, кога од мачињата стануваат мачки или мачори и девојчињата ги нејќат, се плашат од нивните остри канџи. Така велат девојчињата.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)