ги (зам.) - одреме (гл.)

Почекав другите да си легнат, да ги одремат попладневните часови по обилниот ручек, за да имам малку време да поминам сам во тоалетот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Месото било свежо, здраво, и не полно со хормони како оние купечките - овие кокошки биле нивни и тие ги чувале и ги колеле само во специјални прилики.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јани се поднамести, се навали и рече: - Вие, како сакате, ама јас по војната ќе си седнам на сонце пред селската таверна, ракиче, салатче денес, утре винце и печено пиленце и ќе си гледам од далеку, од далеку ќе гледам на планињето, ќе си спомнувам за ноќите неспани и тогаш ќе дремам, мајчината, ќе дремам сѐ додека не ги оддремам сите непреспиени ноќи..., а кога ќе се разбудам, тогаш ќе ве гледам вас, будалаците, како кршите и делкате камен, како градите куќи или палати и тебе како одиш не по свој ум...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)