Понатаму, третирајќи го тој образец, чија највидна одлика е „родовата атипичност“, како претставителен за „геј-мажите што се склони кон зачувувањето“ (25) и најпосле за геј-мажите воопшто, Фелоус на крајот на краиштата ни ја наметнува како вистина за нас која мораме да ја признаеме – инаку ќе нѐ обвинат дека сме во состојба на одрекување (токму поради таквите тактики на виткање рака противниците на есенцијалистичките модели на хомосексуалната различност честопати го нагласуваат имплицитно принудувачкото, дисциплинирачко или „законодавно“ дејствување на есенцијалистичките теории).343
Покрај сите тие проблеми, кои се типични за секој обид општествените идентитети да се претстават во есенцијалистичка смисла, во овој аргумент има и уште една слабост од толкувачки или критички вид.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Конкретниот есенцијалистички модел на машкиот геј-идентитет кој го промовира Фелоус, неговата визија за геј-мажите како природни старинари, архитекти реставратори, љубители на стари куќи и „чувари на културата“, не може да ги објасни оние мажи – а знаеме дека такви има, дури ги има и во значителен број – кои се страсни и посветени модернисти, кои инстинктивно мразат украси, мразат викторијанска ситничавост и детали од разни периоди, кои копнеат по чисти линии и по апстрактни форми, по простори на зен-чистота и по јапонска апстракција и кои ни мртви нема да ги најдат ниту на сто метри од некое милјенце.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Некои од тие момци можеби се во стегите на реакциското формирање – жртви на интернализирана хомофобија или на родова паника, кои очајнички си ги потиснуваат и си ги одрекуваат длабоките, внатрешни копнежи по циц, по кадифе или по позлата – но тоа веројатно не важи за сите нив.
Моделот на Фелоус, исто така, не ги објаснува ниту естетски неврзаните геј-мажи на кои навистина не им е грижа за историјата, старите куќи, дизајнот или стилот, за чувањето на минатото и за живот во совршен ентериер и чиј вкус е срамотно подложен на чести, страшни испади.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Сите геј-мажи што ги познавам се ужасни мурдари, а и ти си таков“, му рекла мајка му на писателот и критичар Џон Вир по телефон кога му се јавила за да поразговараат за Настрано окце за стрејт-дечкото и за подвизите на Фантастичната петорка: „Има шанса да ги донесеш да ти го исчистат станот?“ 344
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, тие се склони погрешно да ги препознаваат или да ги одрекуваат видовите на културни практики во кои се впуштаат и ефектите што ги предизвикуваат тие културни практики.357 Хетеросексуалците обично не си велат себеси дека, кога гледаат филм како Титаник, всушност, се дале на иницијација во културата на хетеросексуалноста, на воведување во една многу конкретна идеологија за романтичната љубов како извор на спасение и во буквално катастрофален модел на женствениот родов идентитет како некаква несреќна состојба од која треба спас („ме спаси, во секоја смисла во која може да се спаси човек“).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Родителите и децата не ги учат децата како да бидат геј онака како што ги учат да бидат Американци. (Иако понекогаш децата ги учат како да бидат стрејт на начини што толку силно им се удираат од глава што слободно може да се каже дека, всушност, ги учат децата како да бидат геј).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Доблест на машката геј-култура е да ги бележи, а потоа и да им се опира на облиците на општественото раслојување што и понатаму го структурираат нашиов свет, но кои современите либерални општества редовно ги одрекуваат, а кои цел еден рој современи лицемерија и божемни чедности – вклучително и популарните, сентиментални видови на феминизмот – по правило се трудат да ги заташкаат.
Ако машката геј-култура нѐ учи (биле ние геј или не) да се смееме на ситуации што се ужасни или трагични, тоа е затоа што се стреми да одржи тензија меѓу егалитарната етика и хиерархиската естетика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Повеќето други општествени групи – било малцинските групи како што се Афроамериканците, било мнозинските групи, како што се Американците без предзнак – се иницираат во своите култури и дома и на училиште, како и преку телевизијата и преку филмовите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па, најпосле, настојува таа, тие ситуации ми биле ужасни и трагични „мене“ на начини што изгледа не можела да ги одрекува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, неразумно е да се очекува машката геј-култура да го разглоби доминантниот општествен и симболички систем на кој таа му е само бистар и верен одраз.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, всушност, го прават токму тоа.358
Токму затоа што општествената репродукција на машката геј-култура не се врши од страна на главнотековните општествени институции – чие дејствување како средства за културна иницијација и понатаму е невидливо и незабележано затоа што е толку очигледно – машката геј-акултурација и натаму е таинствена работа, особено кога изгледа дека во голема мера е завршена, или дека е барем во одмината фаза, во некој миг од раното детство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)