Здравоживо мор Пелгијо, кај гу имаш скриену то нашто кумашинче! го пуштил гласот Танаско, а Пена ја гушка, ја стиска, чиниш сака во себе да ја втера, потоа Пелагија ги гушка нивните деца, ги опсипува со бакнежи, влетува и во прегратката на Танаско, а потоа тоа купче од луѓе и гласови се раширува во дворот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Но, извесно чувство на меѓусебно признавање, на заедничност и – ако смее да се каже – на идентитет, сепак, опстојува и покрај многуте пукнатини и напади што го поткопуваат.84
Самото внимание со кое квир-теоријата штедро ги опсипува различноста, вкрстеноста и споредливоста најпосле го затрупало прашањето како бидувањето геј, од голем дел од американските хомосексуалци во текот на минатиот век и нешто, се искусува низ мошне шематизирани облици на овоплотена чувствителност – токму кога во своите обиди да се оттргнат од „стереотипите“ и од „етикетите“ геј-мажите по правило се склони да ги отфрлаат тие обрасци.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)