ги (зам.) - организира (гл.)

Поради неговото интересирање, а воедно и активирање на ова поле, позната му е постапката за формирање на синдикат како и облиците на подржување на активностите што ги организира синдикатот, а меѓу другото и самото учество во штрајк или сличен протест. 56 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мотивиран од тогашните настани, С. С. продолжи да се активира во областа на заштита за работнички права со поголем ентузијазам од порано.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во нашето село се најде Пандо Дуковски како најпаметен да ги организира младите деца да излезат во партизани.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Против таквите водеше борба власта, и кога виде дека е немоќна, ги организира таканаречените „фарии", авџитабури од самото месно население, им даде оружје и на самите каури да се бранат од арамиите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За да се објасни понатаму геј-значењето што е кодирано во известувањето што го најдов кај мене в шкафче, треба да кажам нешто за идентитетот на самата Аида и за драматичната положба во која самата се наоѓа кога ја пее аријата Ritorna vincitor!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се смениле модите, а денес тешко би можел да се најде подобар пример за ненамерен камп од оваа бизарна, екстравагантна, апсурдна, дементна костимирана драма, со сета нејзина театрална претераност, емоционална разузданост и со нејзиниот показ на моќта на еротската страст да ги испреврти нормите на семејството, на нацијата, на расата и на општествената хиерархија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така, насловната улога во Вердиевата опера ја пее жена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Значајно е, се разбира, за родовото кодирање на операта тоа што, како и бродвејскиот мјузикл, операта им дава на исполнителките гордо место и тоа што сижеата и музиката си ги организира околу нив, за да можат постојано да бидат во средиштето на вниманието.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Одеше во предилниците и ткајачниците, и ги убедуваше жените да ѝ се придружат во борбата за исти права со мажите, за право на глас, и за можност за политичко дејствување, а полицијата ја приведуваше; ја осудуваа на лежење во самица сѐ додека брат ѝ не измолеше да биде ослободена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Одеше по фабриките и ги поттикнуваше работниците да штрајкуваат за покусо работно време и поголеми плати, а фабрикантите плаќаа луѓе да ја претепуваат толку крвнички што со денови лежеше во бессознание, а потоа, кога ќе се исправеше на нозе, одново одеше по фабриките и ги организираше работниците и одново ја претепуваа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бидејќи, во усмената литература не само што авторот е анонимен, туку рапсодите и народните пејачи по своја волја ги организираат и поврзуваат фрагментите во некаква континуирано подвижна целина нефиксирана од запишувањето, почетоците и краевите секогаш се поместуваат, па всушност веќе и не постојат на класичен начин, се извршуваат непрекинати вметнувања и промени: целината е флуидна, недетерминирана, плурална, токму како и хипертекстот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ако, пак, им ги организира чувствата како штипскиот ветер нервите на оние на кои им фрла прав во очите, тогаш аплаузот е спуштен на коленици.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Значи, ние едноставно на едно прашање (Како животното ги организира домашните територии?) одговараме со друго, исто толку сложено (Како анималкулусот ги организира домашните територии?).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Џандарите не успевајќи да дознаат кој ги организира момчињата да бегаат од српската војска, или кој рекол да се сокрие добитокот и живината, или житото и добиточната храна, ги собираа мажите на срецело и душмански ги тепаа, на живо им ги солупуваа кожите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не можејќи да откријат кој ги организира луѓето да не даваат продукти за војската, да не ги извршуваат нејзините заповеди, командантите ги претепуваа или ги истепуваа повидните мажи, ги палеа куќите и копите, ги грабеа добитокот и живината.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
3. Кога пишувам, секој дел го означувам со број. Така си ги организирам мислите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сетилните „input-и” го примаат ударот на надворешното искуство, но не може да се има знаење за ова учество на надворешниот свет без предикативниот акт на личноста преку категориите на разбирање - кои ги организираат или ги обликуваат елементите на сензации кои влегуваат при што им позајмуваат значење (Rychlack 1991, стр. 84).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тоа според кажувањето на Ерик Руло, во еден разговор, беше и условот Митеран да се сретне со палестинскиот лидер во Париз.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш Пјер Мандес Франс, кој ги водеше и преговорите за независноста на Тунис, со својата сопруга Мари- Клер, ќе ги организира и првите контакти на Палестинците со Израелците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Чети од доброволци што ги организираше Парсонс ја подготвуваа улицата за Неделата на омразата, закачувајќи транспаренти, сликајќи постери, местејќи знамиња по покривите, ризикувајќи си ги животите за да растегнат жици преку улиците на кои ќе се веат знаменца.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мислам дека за некое време никој нема да ми верува за тоа колку некогаш беше невозможно да се случуваат вакви работи, но и како што и самиот велиш, се случуваа многу работи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
НОРА: Како голем фан на техно забавите што ги организира 103, често одам на нив...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бидејќи ваквото шоу е невозможно да се следи подолго време, поради брзата епидемија на вкочанети вратови, на славната компанија Copertone ѝ текна, па проекциите ги организираше над плажите во Калифорнија, промовирајќи ги своите нови лосиони за сончање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Неодамна, Toyota ја користеше оваа пропагандна техника.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се состои во тоа со помош на специјални прожектори, среде бел ден, па и на најголемо сонце, по небото да се испишуваат пропагандни пораки со букви големи 400 метри!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
2. Комитетот нема да протежира ниту една народност во Македонија, туку ќе се труди да ги организира во една целина за урнување на турската власт во Македонија;
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)