ги (зам.) - осигури (гл.)

Ги собра десетарите и им ја пренесе Дамевата порака, а овие се распоредија понатаму да ги осигурат животите и мирната работа на војводите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Индуцира? Согледува последици? Заклучува?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во поглед на можноста за вработување на определено и на неопределено време како и доквалификувањето на работниците се предвидува дека работодавачот корисник е должен да ги информира отстапените агенциски работници за сите објавени огласи за слободните работни места кај работодавачот корисник, преку истакнување на јавните огласи и на видно место кај работодавачот корисник, за да ги осигури дека ја имаат истата можност за вработување на определено или неопределено време како и другите работници.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ако моите искази си го задржуваат правото на сомневање, запрашаност, воздржаност, огради поради незнаење итн., политиката, моралот и правото (кое не го мешам со справедливоста) си ги осигуруваат и се разбашкаруваат во обманата и чистата совест - и секогаш се наклонети кон тоа да бидат или да прават нешто друго одошто се моралот, политиката и правото. 4Дали тоа го изведувате од својата филозофија? 4Што изначи “изведува”?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ѓорѓија напред, Даме по него со војводите, а десетарите зедоа по десетина души четници и ги сместија по одредените конаци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)