ги (зам.) - откупи (гл.)

Пред приватизацијата во неа постојано работат околу 30 работници, додека денес има само тројца вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Собравме пари и плативме студио за да го снимиме првиот албум на Велветите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Германските музеи се обидуваат да ги откупат релативно ретките дела од голем формат: Каселската нова галерија неодамна исплати повеќе од 10 милиони долари за една собна инсталација од 1976 год.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Црквичка да соѕидаме, душичкиве да ги откупиме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се надевавме дека после ќе се појави некоја диско куќа и ќе ги откупи снимките.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Првичниот договор беше сите 272 вработени да дадат по тогашни 1.000 ДЕМ и да ги откупат уделите, за фирмата да остане во сопственост на работниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Бошко беше среќен, ги откупија неговите три деца и жената, ги спасија од пазариштата на робја на Крит и во Едрене, каде што сигурно ќе ги однесеа, зашто таму цените беа повисоки.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во најдобрите времиња на фирмата, додека сѐ уште беше во општествена сопственост, таа броеше и до 50-на вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во подготовка е богат каталог, а еден исцрпен КАТАЛОГ (600 стр.) со неговите асемблажи е објавен неодамна; собрана е една сеопфатна колекција на филмови и видео-материјали од акциите, инсталациите и предавањата што Бојс ги одржал.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)