ги (зам.) - оттргне (гл.)

Не можеше да ги оттргне очите од бројчаникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко и Камилски како да славеа пред да бидат среќни, пред да слават победа во замислената мисија, свесни дека дури и некаква фаталистичка сила би можела да ги оттргне од среќата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа што искрено им раскажувам на луѓето што сѐ ми се случува, ако не ме убие барем ќе ги оттргне тие што не се за мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сакам, на овој мојот, да му ги оттргнам оние црни мисли што во последно време го следат како сенка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Саво го забележа тоа и се обиде да и ги оттргне темните мисли.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Француското старателство ги оттргна тие провинции од нивното вистинско семејство.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се потсопнав од случајните погледи на соседите, обидувајќи се да ги оттргнам мислите и нивното збунувачко...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Виде отец Иларион дека љубовната болка силно ѝ ја разнебитила душата, ја разорила, и ѝ читаше молитви за да ја успокои, да ја оттргне од депресијата, за да може да се совземе, да ги оттргне мислите од тоа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ни најголемата врева по улицата пред дуќанот не можеше да му ги оттргне очите од неговиот прецизен труд.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Прв обид гемиџиите да ги оттргне од заборавот направил Ст.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Полека се поткренува, ги оттргнува од себеси штиците и ситните парчиња што го потиснале.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А како да ги оттргне од курвите и коцкарниците?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Поради стравот, поради огромниот страв што во него беше населен уште од најмали нозе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Можеби сум веќе упаднат и бесповратно заглавен во него”, се роеја, особено во пустите вечери, најневозможни мисли во главата на доктор Цви Корец, што тој со напор се обидуваше да ги оттргне, впрегнувајќи ги сите рационални сили во тој мачен зафат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Раскажуваа, на моменти со носталгија и незадржлива патетика, на моменти со занес, од кој никој не сакаше да ги оттргне.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не поминаа ни петнаесет минути откако легнат се обидував да читам и така да ги оттргнам мислите од мојот надуен мев, кога вниманието ми го одвлече ритмичен, повторлив звук што не можев да го дефинирам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Повторното ѕвечкање на чинијата врз масата, кое доаѓаше од стомакот на тетка Марија што се тресеше од смеење, ја потсети на лутината, па замолчи и пак луто ја погледна снаа ѝ.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сакав да му ги оттргнам мислите од таа борба, но знаев дека противречењето не е лек за неговата болка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа покажав на сенката која едно дрво на кејот ја фрлаше во водата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За да ги оттргне од себе наши­те приковани погледи и за да ја смали напнатоста, со неприродна благост, прв ни се обрати: – Што сте се уплашиле толку, деца?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Докторот Татули вели дека многу луѓе имаат ваква појава, на некои им се случува и дење, будни а да чекорат занесено, замислено, прават движења и работи кои не им доаѓа од свеста, туку така механички: гледаат, и не виѓаат, слушаат, а не сфаќаат, отсутни се - сѐ дур некој не им свика или не ги сниша за рака и не ги оттргне од таа занесеност...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)