Така луѓето одново си ги повратија имотите, животот одново се врати во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Вислицени зборува, Мајснер се смее од името на Максимилијан Мертен, а Корец не им верува на ушите. Дојде време да ја проба и таа чаша жолч: достоинствата што толку грижливо ги градеше и функциите што за овие десет години ги акумулираше, ги поврати и ги пазеше, одново да почнат да му се одземаат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но, кога кожата на Атиџе се смири, го повлече црвенилото и под наборот го подаде младиот и тенок слој на голуждраво птиче, па кога Атиџе ги поврати своите стари навики, одејќи со придружбата секој вторник на капење во Чифте-амамот, а бегот него штедро го награди и го испрати назад во Блатието - тој секој вторник, зиме и лете, напролет и наесен, дојден во градот како пијан, се гледаше себеси како цупка пред амамот, чекајќи таа да се појави и само малку да го потргне фереџето, божем ветер го сторил тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Работодавецот кој ќе го прекине работниот однос на инвалидното лице или средствата 106 ги добие врз основа на неточни податоци е должен во рок од 30 дена да ги поврати целосно средствата заедно со банкарската камата.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но немав доволно сили да ги повратам сите димензии на истеченото и сегашното време, при доближувањето дома.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
За инвалидното лице кое работниот однос му престанал не по негова вина и за кое работодавецот ги повратил средствата, истите можат да се користат и пред истекот на периодот од 3 години.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Корец седи скршен во нивниот нов квартир, додуша во најголемото еврејското гето именувано според баронот де Хирш, јудејскиот добротвор кој пред половина век го намени за засолниште на Евреи избегани од погромите во Кишинев и Мохилев.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)