А Митре нека ги подбере магарињата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тој ги свива нозете во колената, ги подбира кон себе, те едната нога врз коленото, те другата нога врз другото колено, додека зборува.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
А и луѓето кога ќе врвеа крај него плашливо подбегнуваа настрана за да не ги подбере со роговите.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Малендавиот пламен ги зафати и потфати, ги подбра, ги оближа, се разниша над нив, посина и кога се чинеше дека ќе згасне, наеднаш се исправи и ја осветли земјанката. Никој не се помрдна.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тие, кои имаа испружено нозе близу огништето, ги подбраа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Циљка наведна глава, го потфати стапчето и почна да чешка во огнот; ги подбира недогорените суварки, лесно ги подига и ги фрла врз жарта.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Како да сакал да го развлече разговорот во исчекување дека можеби ќе дојдат селаните и ќе ги подберат жените пред себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но почекајте вие. Попов ќе каже како запалил. - Лажеш. Не запалил. - Запалил. Прашајте го.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Извади во едно паниче сирење, па седна крај разгореното огниште, и не чекајќи ни малку да остинат, ги подбра компирите и не ги остави додека не се наполни до гуша.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)