Меѓутоа, иако многу рок и поп музичари редовно користат марихуана непосредно пред концерти и музиката ја изведуваат во состојба на повеќе или помалку изменета свест (во добра или во лоша смисла, сосем е сеедно), поизострена перцепција на звукот и благо изменета психо-моторика, односно изменети можности од инструментот да се извлече саканиот звук на оптимален начин, сѐ уште не може сосема децидирано да се тврди дали марихуаната ги подобрува или оштетува музичките перформанси на музичарите.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во тие последици, освен смртните случаи, спаѓаат и бројни здравствени проблеми (вклучувајќи го и огромниот пораст на ризик од сида и другите болести кои се пренесуваат по полов пат, како и оштетувањата на фетусот), потоа распаѓање на семејствата, негрижа за децата, губење на работата, а со тоа и на заработката и куќата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Подеднакво е погубна и наркоманската деморализираност која ги спречува најсиромашните слоеви во Америка да се придвижат и да се потрудат да ги подобрат условите во кои живеат.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Револуционерните занаетчии пак, спротивно на тоа тврдеа дека идеален чевел не постои, како што не постои ни непроменлив облик, и дека тие самите ќе пронајдат облици на чевли и постојано ќе ги подобруваат.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)