А како да не се отвори: на таа страница во болни риданија Рахела ги оплакуваше своите деца а дедо ми, наместо свеќа, тука оставил стракче мајкина душица кое во голема тага се сушело низ вековите и сочувало сила само тешките и позлатени капаци на Светото писмо да ги подотвори толку - колку да се чуе ужасот на пискотниците од Витлеем.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Азра се штрекна, го фрли ножот преку масата, го избриша лицето со подлактицата и се загледа во челото на Ханка која токму тогаш ги подотвори очите и устата, како да сакаше нешто да каже и со очите и со устата, за миг ѝ се појави некоја чудна, необјаснива ведрина на челото, но одеднаш спласна, се затвори, ја снема.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Духот на таа вера просто блика од делото на Ренџов, ги буди спомените за детството, ги оживува приказните за нечестивите кои само ќе ја зголемат силата на Божјото име, ги подотвора пердињата на одаите во кои течеше еден живот налик на вечност, влегува во црквите и манастирските ќелии, и талка по далечините изгазени од нозете на аџиите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тој само ги подотвори очите од столот на кој дремеше на чардакот по обилното јадење и пак смигна со очите држејќи го сонцето на лицето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога ќе ги подотвореше питите, оттаму ќе му замирисаше тестото на домашниот леб од детството што го месеше баба му и го печеше во домашната фурна двапати во неделата, а го држеше во дрвен сандак на ногалки и со дрвени шајки, покриен цело време (лебот) под цедило, ни исушен ни стврднат со денови.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И тој ги подотвори очите.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Дино само малку ги подотвори очите и го подзабрза џвакањето.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Нормално, - рече таа и не ме погледна, - Благо, многу благо.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Си ги подотвори очите.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Иако беа минале години, јас го познав погледот – тоа беа очи кои плачат навнатре, а солзите капат некаде таму, длабоко во него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога се приближивме до него, тој ги подотвори очите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Албанија не ги подотвори границите, не го искористи историскиот момент да се отвори кон слободна Европа. Таа уште повеќе се затвори.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таа ги подотвори очите и тивко рече: – Сине, и ти си се вратил... Не реков ништо.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Капетан Мирковиќ ги подотвора очите и гледа во нас, нагоре.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само малку ги подотворил очињата, а во нив нешто ко чад, ко облаче влезено. Ко налеиште насобрано.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И во темницата скржаво ќе ги подотвори нозете, небаре вратниче од кафез со диво пиле.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)