Таа низ формата ги ослоборува многуте двократности на живото и понекогаш ни овозможува да погледнеме зад темниот застор кој ги покренува невидливите простори во коишто еднаш ќе бидеме соединети Маргина 36 89 90 okno.mkМаргина 36 9192 okno.mkМаргина 36 93 Otto Dix Роден на 2. 12. 1891 во Унтермхаус, Гера (Тиринген), во работничко семејство.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Понатаму ќе бидат споменати бискупите во нивните батистени ракави, судиите во нивните хермелински наметки, срамниот столб, акциите, мелниците што ги покренуваат робови, камшикот со девет прачки, банкетот на градоначалникот и обичајот да се бакнува Папата во ножниот палец.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тие му изневериле на големото и важното што ги покренало.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тој отпрво, зафатен со работа, не го забележа, но кога го виде зачудено ги покрена окалките: – О-хо, нашиот водоносец! – извика командантот весело, бришејќи си го со чисто бело шамиче замаглените стакла на окалките. – Каква чест! Седни.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
До пред малку мислеше дека ќе ја сочува во себе онаа зафатеност и ќе може да ги посреди малку лостовите, со кои кога ќе му дојде време требаше да ги носи и да ги наместува трупците, намалувајќи ја нивната тежина; мислеше дека ќе најде во себе желба да ги подреди и нив така, за еднаш кога ќе биде потребно, да може само со еден дофат, со едно движење, да ги покрене и да ги намести.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Едвај ги отпрета нозете од тоа, оловни. И ги покрена да заминеш.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
По него ги покренаа главите и другите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во неа требаше да се насочат, да се кристализираат, два, според мене, значајни тока: за да се состави клучната телеграма, која требаше да ги покрене механизмите меѓу двете земји во натамошните односи.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ти ги љубам градите кротки на кои лежи студена жолтата каверна на ноќта да ти ги покренам двете гранки безлисни Слези подлабоко од тревите под нас е сѐ жолто Се нуркаме во заедничките длабочини по смислата на оваа долга ноќ што нѐ соединува во нашата брза љубов Што сме ние двајцата што крадеме од тишината кога молчат сите прозорци жолти Дали да се вратиме во нив како сомнамбули со парче смисла во очите Или да се препуштиме затворени во ова длабоко нуркање сред ноќта што нѐ открива со една утеха за сите мртви шумови што молчат од прозорците над тревите жолти
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)