ги (зам.) - помеша (гл.)

„Ќе дојде, ќе дојде, сигурно сум ги помешала деновите, вели бабата и ѝ подава згужвано ливче.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мајка веќе беше во кујната. Трагаше по последните трошки брашно, за да ги помеша со триците.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Настојуваше да ги помеша за игра, а картите нови, речиси залепени, тешко се покоруваа на Татковите брзи и вешти прсти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе му ги помешаме сите планови на кир Ристаќија. Што велиш ти Илија?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Пораки, понуди за женидба, 50.000 толари, ѓубре, костени, запалка, стари влезници, пари од различни земји, телефонски картици, начнати чоколади, бонбони, фотографии, телефонски броеви, веќе франкирани писма, очигледно уфрлени од луѓе коишто ги помешале поштенските сандачиња со оние белите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)