ги (зам.) - помоли (гл.)

Одеднаш најмалото девојче се сцрве и ги помоли: „Дајте ми го мене!
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Со тежок глас, не прегласно, попот ги помоли да му се тргнат од патот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сакав да бидам присутен и да видам со свои очи кај ќе лежи Борко и затоа ги помолив луѓето од џиповите да ме земат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)