Ги терам да ги изведат кравата и магарето, да ги попасат по меѓите. И за нив ми е жал.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Потоа ги втеруваа во заедничкиот гојдарник, кој се викаше Крувче и кој го облик на рамнокрак триаголник се простираше од дворниот, јужниот, ѕид на имотот Акиноски и долж источниот се протегаше сè до куќата на Ангелета Ризески, (или уште како што го викаа Анѓеле Козето) подигната, со нивна Акиноска согласност на најјужниот крај на Имотот, на самоти Јужна Порта.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во Потковицата беше вообичаено рано пред зајсонце гојдарите да ги дотеруваат говедата на Зедница, горе над Бел Камен, и тука да ги попасат до замрачување.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)