ги (зам.) - постави (гл.)

Членовите на советот не можат да одбијат да гласаат за прашања што ќе ги постави претседателот на советот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Наместо да ги раскрене и да го измие таа им ги принесува чиниите на мачките и кучето, им ги поставува долу на плочките и тие ги лижат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Компјутерската анализа на купувачките навики им дава информација на супермаркетите колку високо и каде да ги постават рекламите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Наспроти нив авторот ги поставува „кинетичките ритмови како основен облик на нашиот осет за реално време”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И нашиот јавен живот во целост е компјутеризиран.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се разбира, Граси е доволно голем уметник за тие прашања да ги поставува во ваква соголена форма.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Мислеше дека таа вештина ќе му помага со леснотија да ги решава енигмите што ги поставува животот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дека има слики што се наши и оние што им припаѓаат на другите учесници во истата реалност. Слики кои се наши и на другите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На четириесет години, свиен над овие молчаливи фигури во еден провинциски град, тој сознава дека вистинската сила на неговата фантазија била во создавањето убави мечти за животот што го чека, а не во творечко разрешување на проблемите што ги поставува безгласната плоча со шеесет и четири полиња.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Можеби ако другите не ги водеа овие битки јас ќе ги водев, но бидејќи тие го правеа тоа многу добро, јас работев нешто друго. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Како остар противник на трите роботски закони на Исак Асимов (Isaac Asimov) (што ги поставуваат роботите во сосема инфериорна положба, како робови на луѓето), на своите „bopper-и” (следната генерација роботи) им вградил wetware (како аналогија на мозокот) и со тоа им создал сопствена свест и независност од луѓето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Има многу пречки што можеш сам да си ги поставиш, како извесни табу симболи и зборови, и да гарантираш дека твојата порака нема да биде чуена.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Од разговорите што се водеа меѓу Јована и другите, а особено од прашањата што му ги поставуваат сите овие вилаетлии, Толе подразбра дека тие се занимаваат со некаква општа работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Покрстил 54.000 Словени и ги поставил темелите на словенската писменост и книжевност.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Основите на христијанското учење ги поставил Исус Христос.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
О, да, пак ги викнав физичките работници и тие до следната недела ќе ги постават гредите за скеле. Ќе имаме струја.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Впрочем, сите тие прашања беа како кога би си ги поставувал, а не како да си ги поставува.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога тие ја сфатија деликатноста на прашањето, се покажа дека сум ги поставил пред необично тешка задача што ги заинтересира.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И тој ги постави скалите на еден засек над бездната, како мовче и ја премости.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Различните активности прифаќани без поговор и ставовите врз кои anorexia nervosa “го темелеше својот опстанок”, веќе не ја детерминираат нејзината личност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со мојата одбрана раководи полковникот. Макар што е во пензија, работата си ја познава.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа тој ми помогна да ги исечам јаболкниците околу куќата и да ги поставам рефлекторите, тоа тој ги постави стапиците и јамите, во кои запаѓаат ноќните посетители, тоа тој ме снабди со оружје.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дали Еми ќе сака да продолжи да се подложува на тврдењата на anorexia nervosa за нејзиниот живот, да продолжи да се покорува на барањата кои таа ги поставува?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За разлика од трагедијата, мелодрамата не мора да си ги правда екстравагантностите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа одбива да ги отфрли како несериозни патетичните видови на страдањето – како преувеличени, фантастични, страсни или наивни, да се послужам со речникот на Зонтаг – кои не можат да дораснат до степенот на трагедија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А бидејќи патетичното страдање со кое се гордее од самиот почеток е осудено да мине во очите на повластениот и невнесен гледач како „изнасилено“, како претерано или театрално, мелодрамата нема што да ја плаши впечатокот дека емоциите што ги поставува не се сосема автентични, дека не се чувствуваат толку колку што се изведуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со тоа ги повикуваме оние што би сакале да се удостојат на наша сметка да нѐ обвинат дека уживаме во кич. ‌Ако мелодрамата си ја навлекува етикетата „кич“, тоа е затоа што доброволно тргува со сентименталноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Врз таа основа Бугарите ги поставија своите претензии на Македонија и Македонците очекуваа ослободување од Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Видео-екраните, поделени на делчиња, со редови и икони што потсеќаат на египетски хиероглифи даваат одговори на прашањата што ги поставува корисникот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Меѓутоа, типот на деконструктивните прашања што на крајот на краиштата сакам да ги поставам и кој се однесува на границите на подрачјата, не може да биде изложен на иманентната критика на подрачјето.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Кога другарот Тито се вратил дома по средбата со Сталин, всушност, откако ги разгледал условите што овој му ги поставил, решил и тој и неговата држава Југославија да престанат да постојат за Сталин.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Најупорните или најгладните од дружината испекле нешто малку месо, изеле колку што можеле со последни сили опирајќи му се на сонот, она што останало го оставиле на двоколка за заспаните. Потоа со слатка ситост заспале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник здробен во метежни визии го сонувал искинато и многу поинаку отколку што го доживеал дневниот настан во кој пукале еден на друг и се колеле меѓусебно луѓе што никогаш не се виделе, што не ги знаеле дребните радости и јадрите маки на своите случајни противници и кои судбината ги соочила среде крстопат на животот и смртта, ги поставила со своја умешна но и подмолна стратегија едни наспроти други, кукулинците, во игра на случајноста, со повеќе љубов за дружината отколку за осумте горјани што најпосле и не морале да се арамии или наемници на оној сур и таинствен Али-бег со повеќе прстења од злато и секакви скапоцени камења на рацете отколку што имал влакненца по рабовите на црвените, некако чудно вжештени очни капаци за кои најмалку еднаш годишно барал мелем против јачменчиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Она што е уште поважно за овој текст, бихевиоралната ВИ нема за цел да генерира внатрешен модел на светот, туку таа ги поставува своите животни-роботи во реалниот свет така што објективните карактеристики на околината можат да се користат како надворешна меморија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Го употребив планот на музејскиот под во мојата архива, за да ги поставам моите приказни, и личните и официјалните, како еден начин на интеракција со таа историја.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Антон Павлович ЧЕХОВ (1860, Таганрок, Русија – 1904, Баденвалер, Германија).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во тоа време ги поставил основите на рускиот реализам од XIX век со своето ремек-дело, романот Мртви души (1842), сатира за ропството и за бирократските нееднаквости, со којашто се надевал дека ќе ги казни злоделата и ќе им ги отвори очите на своите сограѓани низ смеа, како и со расказот Шинел (1842).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Низ прозорецот сѐ повеќе наудира светлоста и го чисти матнежот во собата, им ги враќа контурите на предметите и ги поставува секој на свое место.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Камилски, откако ја измина на брзина пустината од заемките именки и ги постави на патот најкарактеристичните зборови, се сврти кон заемките придавки, броеви и прилози.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како и именките, и судбината на овие зборови не се разликува многу: најголемиот дел од нив одамна не е веќе во употреба, ги има во разговорниот и говорните балкански јазици, а најмал дел е и интегриран во нивниот лексички фонд.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајката, Таткото и нивната рожба, синот-наратор на балканската сага најчесто ги поставува во позиција над и пред секоја држава и под било каква припадност како верни поданици на татковината на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој го разгледа шаховскиот проблем и ги постави фигурите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа ќе се случи низ начините на кои се обидуваме да ги артикулираме овие подлабоки прашања што директно ги поставуваат нашите технологии.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Моја цел во последно време е да ги истакнам овие две струења и да ги поставам различните насоки во кои тие нѐ водат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој ја запази и со неа војводува до пред три години, та дури еден од условите за предавање што му ги постави на окружниот началник во Битола беше тој: да му ја остави манлихерата како спомен и да се служи со неа во шумарската служба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ох, секој допир кај вљубените е порака, совет, молба, ветување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И без да имам некоја грда намера наеднаш доаѓам до заклучок дека со прашањата што одвреме навреме ми ги поставува доктор Пачев всушност бара потврда за своите совети.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На другите им препушташ да ги постават рамките: тебе ти е добро и без нив!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Истото се случи и со цртежите на неговиот син Феликс, роден 1907. година, за кои прилично се измачи да ги врами и сочува, а многу од нив и денес постојат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Овие откритија ќе ги постават координатите за неговата позрела фаза.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сѐ и секој што помина низ Фектори беше едноставно дополнување на Ворхоловиот леден кристал.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа заслужи процент од вкупниот доход за книгата што Енди едноставно одби да го земе предвид.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Иднината на радиото Секоја година во септември вработените и соработниците на „американската радио-индустрија“, коишто се поврзани во здружението The National Association of Broadcasteres (NAB) се состануваат за да си ги разменат искуствата и да најдат одговори на прашањата што ги поставуваат развојот на медиите, технологијата и проме­ните на пазарот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Модерната поп митологија ионака не се плаши од техно-демоните, бидејќи - што им фали на демоните доколку им служат на Убавината, Добрината и Вистинитоста?! 110 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Му се допаѓаше идејата своите соработ­ници да ги поставува едни наспроти други...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Работата на секциите обично ја водат личности што имаат голем углед меѓу колегите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Купив нови чаши и ги поставив на кујнската маса; сликите се закачени како што треба и висат под прав агол; витрината ја истуркав во десниот агол од дневната соба и сите украсчиња ги наместив како што стоеја отсекогаш: лулето, кристалното еже, дрвеното кутиче, порцеланскиот свеќник, пепелникот од слонова коска, школките и камчињата што ги донесов од еден одмор...
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
На пример, во нивните напори да стекнат исклучива контрола над одредена територија, павијаните ги поставуваат мажјаците кои изгледаат опасно на рабовите на таа територија, кои практично се однесуваат како граничари.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Виде тогаш војници од цел свет, и бели и жолти и црни, од Африка, од Азија, од Австралија и од каде уште не, дојдени да ни ги постават границите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И бидејќи не правите никаква алузија на вашата сопруга, која се забележува краткотрајно за време на вашето враќање од Албанија во романот Атеистички музеј, а и во вашето последно писмо, си поставувам прашања за неа што не би се осмелила никогаш директно да ви ги поставам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сепак, покрај таквиот континуиран ланец, формалистите настојуваат да ги постават унифицираните уметнички дела како цел во рамките на системот, што според Дерида е многу кревка претпоставка.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таму каде текстот е скратуван, се наоѓаат стотиците прашања кои Кејџ за одредено време “бесцелно” ги поставува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Второ: сакам да истакнам дека во песните на поетот Антиќ е даден одговор на многу нејасни прашања што децата си ги поставуваат кога ќе почувствуваат дека се менуваат, дека нешто врие во нив, дека нешто ново, непознато, таинствено се случува со нив.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Од двете страни на местото по кое се поминува за да се оди кон свеќниците, пред олтарот, имаше по пет, едни како столови, ама не да седнеш туку со држачи да си ги поставиш рацете и со една штичка да си го потпреш задникот кога ќе ти дотекне да стоиш.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тој им допушта на ликовите да го одгатнат реалниот свет внатре границите што претходно им ги поставува соодветната поетика.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Пелагија не може да дојде до одговори на прашањата што сама си ги поставува, сиот нејзин живот како да е само еден непрекинат сон од кој не може да се излезе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сите прашања кои ѝ ги постави професорот ги знаев.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И знам дека кора ќе се вратиме дома, јагликите ќе зафатат место во најубавата вазна, а јас ќе морам заедно со Билјана да размислувам за приказната на старецот и да одговорам на стотици прашања што Билјана секако ќе ми ги постави.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Си можел и да не се родиш и да не бидеш во овој дом, затоа има да ги почитуваш правилата што јас ќе ги поставам, и не сакам да чујам ниту збор повеќе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бреза – беше видно возбуден брат ми – тебе тоа не ти изгледа чудно?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Решив на утрешниот “састанак” овие мои дилеми да ги поставам на дневен ред, иако знаев дека главна точка ќе биде мојот случај.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нашите семејни состаноци што татко ми ги закажува секогаш кога за тоа ќе се појави причина – било да е добра, или лоша, се такви: секој има право да го дополни главниот дневен ред, а него го составува претседавачот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)