ги (зам.) - постигне (гл.)

За многу нешта што сум ги постигнал во животот сум им благодарен на сите мои учители, За многу благости што се сочувале во мојата душа, благодарен сум им на своите учители.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Јас слушав со внимание, Мина зборуваше, останатите јадеа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој ги постигнал најголемите резултати?!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Подоцна, откако италијанските фирми не ги постигнаа стандардите на југословенската, Љубен Христов и неговата Хидротехника, добија работи на градби на нови брани, во износ од 30 и повеќе милиони долари.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Животот, само ако човек погледне околу себе, нема никаква сличност не само со лагите што се истураат од телекраните, туку дури ни со идеалите што Партијата се обидува да ги постигне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мина се обидуваше да ми раскаже за успесите што ги постигнал брат ми додека јас бев отсутна, а кои тој не ги спомнуваше кога ме посетуваше во Гнездо; таа зборуваше за неговите книги кои на читателите засекогаш им го менувале сфаќањето за човекот, за неговата работа со пациентите, за неговата универзитетска кариера, за основањето на психоаналитичкото здружение.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)