Ги поткреваше бузите, тенки и остри, едната нагоре, другата надолу, и ги покажуваше забите како куче готово да касне.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Со северните ветрови што ѝ ги поткреваа ќерамидите и ја носеа зимата, со некоја суверена мудрост на онаа што знае сѐ и не заборава ништо, таа слушна како се приближува уште една војна.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се поздравувам со овој, со оној, и само ги поткревам вака очите, го барам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги поткреваат мрзливо главите, како да сакаат да видат од кај студи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Музиката ќе засвири, а јас веќе ги поткревам рацете, ги ширам ко крилца пред полетување.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Козите само ги поткреваат главите и ги џвакаат досегнатите ластари и гранчиња.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги поткрева весниците и јас сум скокнала ко нагазена лисица. Голем скокот имав.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги поткреваат главите, ги чепатат вилиците, ги катат забите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Според тоа како ги поткрева цицките со двете шепи и како ги оддалечува и приближува колената не само што знае каде му се очите на синот на Богородица туку и како да се насладува од тоа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Добра, додека очите ги шета по Чана и бабата Петра, ги поткрева рамената, ја фаќа ќеркичката за раче и тргнува по него.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ги ставаше рачињата на нејзиниот скут и ги поткреваше крупните клепки за да се ослободи небесниот поглед што ѝ носеше само радост.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
По неколку минути почнаа исплашените кадани една по една да ги поткреваат главите, и, откако се уверија дека напаѓачите се изгубија, прва Ајша се исправи на нозе и длабоко се издиши, па се осмели да проговори: – Што стана, мори ќерки! – и се стрча кон кадијата кој длабоко простенка.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Гледајќи ја таа слика, дури и ние глувчињата ги поткревавме опавчињата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
А солзите во очите сами од себе ѝ навираат, ѝ ги поткреваат рамената, срамот нејзин на бело видело сака да излезе.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Прилегаа на нејаки птици затворени во кафез: ги поткреваат крилјата, гребат со ноктите, вртат со главите, но не знаат што им се случило.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Девојките беа збунети и од прашањето и од дишењето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Лазиме пак под боцливите телови, по истиот пат. Јас ги поткревам, тој се испровира, па тој ги поткрева, а јас се испровирам. Си помагаме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ама теловите ги поткревам, како што нѐ учеше Мирковиќ. Знам тоа како се прави.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- На слици, ми вели капетан Мирковиќ, ако имаш слика во џебот, вели, и некоја скриена насмевка му ги поткрева мустаќите. Му ги подраширува образите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас ја фрлам урката сосе појасмо, се источкува вретеното и трчам, ги поткревам рацете како крилја и летам: лет, лет.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги поткревам панталоните, ременот и излегувам. Му се претставувам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ми се доближуваат, ги поткреваат своите топли муцки и ми дишат право в лице.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ништо не може да ми избега. Ги поткревам теловите и се провирам ко смок, ко гуштерица.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)