ги (зам.) - потопи (гл.)

Потоа, отако ќе ги потопеше со водата што вриеше на пампурот во бакарен сад, и ги предаваше на домаќинката.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во христијанските куќи, по дворовите, во тремовите, на чардаците, под покривачките, а на чифлизите во кулите долго се прераскажуваа настаните во изминатиот ден и нетрпеливо се исчекуваше новиот, кога христијаните во ропскиот труд ќе можат да ги потопат стравот и неизвесноста а Турците да пазат на нив и да се испазат од нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа, пак, ги кубеше, ги опрлуваше на огинот во пампурот, потем ги печеше на жарот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Рачињата продираат, се завлекуваат секаде.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од дното на тезгата успева да извади дречаво жолти сомотски панталони; но не е задоволен, повторно ги потопува во тоа ѓубриште на бившите марокански, југословенски, турски, пакистански итн. покривачи на гениталии...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Само тие чекаат да ги потопи бранот“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога го истка, направи бакам од дудинкови и црничкови деланки, ги потопи.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Погледнав сега горе кај црквата. Водата стигнала блиску до неа и ги потопила гробиштата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А сега? Како море не раздели блатото, ни ги потопи нивјето, а пустата небидница и животот ни го зацрни.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Рена под око го гледаше како брзо ги сука и потем умешно ги врзува малите парчиња памук на стапчињата од метла правејќи мали фитили, а потоа ги потопува во садчињата во кои таа пред тоа го тури маслото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сега долината беше во колонеж и коленак, а требаше да се претвори во вештачко езеро што ќе ги потопи селата или барем нивните долни куќи, а да не зборуваме за нивчињата со кои се прехрануваа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Имам два различни податока, го пронаоѓате наеднаш спасоносното прашање и го сместувате во широко разбрануваната насмевка во која сте спремни да ги потопите сите грди помисли што ви се појавуваат со неочекуваната средба со познајницата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Подготвувам прилог за мојата емисија во врска со годишницата продолжувате со објаснувањето што никој не го бара од вас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од што ги кинеше ливчињата прстите малку ѝ се обоија на врвчињата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ги издроби на мали парченца и потоа ги потопи во канчето со вода.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)