ги (зам.) - предложи (гл.)

Тој му ги предложи своите планови на новиот капиданархиготис Кондилис, којшто дојде дури од Атина по истата работа, како реванш на разни Давидовци што дојдоа од Бугарија, и овој се согласи, а донесе и средства за тоа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој, исто така смета дека претходните генерации не биле во право и дека не може многу да се научи од нив (ако тие и треба да се проучуваат тоа е главно заради идентификување на грешките со кои не навлекоа во форма на дихотомиски пристрасности и логоцентрични предрасуди.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој исто така чувствува дека традицијата треба да се надмине бидејќи таа им го попречува патот на новите гледишта што тој ги предлага.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Забележете дека на модернистичкиот етос не му недостасува единствено почит; тој исто така позитивно ги вреднува иновациите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Татко на турцизмите гурбет, сургун, гајрет, мошне често присутни во балканските јазици, реши, според кругот на блискоста на значењата, да ги предложи уште зборовите гајле и беља, како можна целина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски најпосле се смири. Тој имаше подготвено листа од педесетина опасни турцизми, сега не му беше тешко да ги предложи петте први, најопасните: 1. јаничар, 2. курбан,башибозук, 3. башибозук, курбан, 4. зандана, 5. кодош.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ти можеше да ги предложиш твоите пет опасни зборови, а потоа и јас моите пет неопасни зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој имаше подготвено листа од педесетина опасни турцизми, па сега не му беше тешко да ги предложи петте први, најопасните: 1. јаничар 2. курбан 3. башибозук 4. зандана 5. кодош.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко не размислуваше многу за да ги каже своите пет први зборови, кои не претпоставуваа бришење од јазиците, туку требаа да го докажат правото на нивниот натамошен живот и соживот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но оваа целина можеше да се дополни со други слични зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во поканата судот ќе им укаже на странките за последиците од изостанувањето од подготвителното рочиште, како и за тоа дека се должни, најдоцна на ова рочиште, да ги изнесат сите факти врз кои ги засноваат своите наводи, да ги предложат сите докази со кои ги докажуваат фактите, да ги приложат сите исправи и предмети што имаат намера да ги употребат како доказ и да се изјаснат за тоа дали се согласни спорот да го решат во постапка за медијација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Второстепениот суд ќе постапи вака и кога странката не ја побивала пресудата поради погрешно или нецелосно утврдена фактичка состојба, ако при решавањето за жалбата се појави оправ- дано сомневање дека фактите врз кои е заснована првостепената пресуда правилно се утврдени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако судот, поради било која причина, не работи на денот на закажаното рочиште, е должен да го објави на својата веб-страница и на видно место во судот, денот и часот на одржувањето на новото рочиште, а странката е должна да се информира за истото (чл. 126, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако второстепениот суд на седница на совет или на расправата најде дека заради правилно утврдување на фактичката состојба треба да се утврдат факти или да се изведат докази кои жалителот без успех ги предложил пред првостепениот суд, ќе ја укине првостепената пресуда и ќе му го врати предметот на првостепениот суд на повторно судење (чл. 359, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Подготвителното рочиште треба да се определи така што на странките да им остане доволно време за подготвување, а најмалку осум дена од приемот на поканата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)