ги (зам.) - прекрие (гл.)

Направи неколку пазарлаци, купи брави, овци, кози, ги затера во Битола, се поврати уште еднаш двапати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мара не се задоволи само со кажувањето, но го натера да ги ископа, да ги видела, и ги прекрија сега во три помали грниња, a Сиве задржа стотина на рака и намисли да тргува со нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Доста беше да ги прекрие со рака, па да види дека без нив катчето како да се развеселува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Секој ден е нова лекција на животот, нешто и ќе научиме, нешто и ќе заборавиме, нешто ќе добиеме, нешто и ќе прокоцкаме, на нешто ќе замижиме и ќе проголтаме и ќе простиме, себе си и на другите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во општество на извртени вредности кај луѓето кои сеуште го сочувале достоинството се раѓа презир, одбивност, непријатност спрема глупоста, баналноста што ја носи безделничењето, екстремноста која се претвора во неморалност, презир спрема грдосијата на маските кои ги прекриваат безличните.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На полноќ, кога сказалките ќе се поклопат, некој ќе помисли на неа, нешто страшно ќе ја погледне со ледените рибини очи кои никогаш не ги прекрива трепет.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Најпосле се проѕевна и се извлечка од војничкиот кревет, ги истресе отпушоците и пепелта од облогата на шлемот и го стави на глава, така што му ги прекри очите.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Темнина ги прекри за час звездите како со завеса, а малку после пак закапа нивната светлина како ситен пролетен дождец.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Неуморната трева ги прекрива нивните блескави оклопи.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)